Свет
Најкрвавиот месец за Американците во Авганистан
Со денешните убиени осуммина војници, бројката загинати припадници на американската армија ангажирани во Авганистан се искачи на 55 во октомври, што го прави еден од најсмртоносниот месец досега
Годинава претходниот црн рекорд беше забележан во август, кога загинаа 51 американски војник, во времето кога се одржуваше првиот круг од авганистанските претседателски избори. Тогаш талибаните најавија дека ќе се обидат да го спречат одржувањето на изборите, за што преземаа и бран терористички напади. Инаку, најкрвавиот месец од конфликтот во Ирак за американските сили беше ноември 2004 г., кога беа убиени 137 Американците за време на судирите во градот Фалуџа. Последните два дена беа едни од најтешките за американските сили од инвазијата против талибанскиот режим од 2001 г. Во понеделникот американски воен хеликоптер се урна по враќањето од размената на оган со талибански шверцерите на хероин во западниот дел на Авганистан, при што загинаа десет Американци, вклучувајќи и тројца агенто на агенцијата за орба против трговијата со дроги DEA. Истиот ден, четири американски војници загинаа кога два хеликоптера се судрија над јужниот дел од Авганистан. Американски воени официјални лица инсистираа дека несреќите не се резултат на непријателски оган, иако талибаните тврдат тие го собориле хеликоптерот во западната провинција Бадџис.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Голема истрага во Истанбул откако починаа мајка и двете деца по престој во хотел, таткото се’ уште е на интензивна нега
Oна што требаше да изгледа како одмор од соништата заврши со голема трагедија. Мајката и двете мали деца од Германија починаа во Истанбул, таткото е на интензивна нега. Полицијата истражува во сите правци.
Прво стануваше збор за расипани полнети школки, популарна улична храна во турската метропола, во меѓувреме некои медиуми пишуваат и за нелегални инсектициди што се користат во хотелот каде што престојувало четиричленото семејство од Хамбург. Оваа теорија е поткрепена и од фактот дека неколку други гости на истиот хотел моментално се на лекување, пишува Дојче Веле.
Германските медиуми ја пренесуваат изјавата на локален лекар, кој наведува дека хотелот бил дезинфициран од штетници.
Во меѓувреме, властите го евакуираа погодениот хотел во населбата Фатих, според државната новинска агенција Анадолу во саботата навечер, и ја запечатија зградата. Гостите се преместени. Според официјалните податоци од петокот, во Истанбул не е откриено невообичаено зголемување на случаите на труење со храна.
Уапсени осум осомничени
Според извештаите на медиумите, во меѓувреме се уапсени единаесет осомничени: веќе во петокот, четворица продавачи на улична храна, во саботата уште тројца осомничени, меѓу кои еден одговорен во хотелот, пекар од хотелската област, а денес уште двајца вработени во хотелот кои треба да бидат изведени пред истражен судија.
Татко, мајка, шестгодишен син и тригодишна ќерка, семејство од турско потекло од Хамбург, отпатуваа во Истанбул пред една недела. Во среда, според агенцијата Анадолу, семејството беше примено во болница под сомнение за труење со храна поради гадење и повраќање и накратко беше отпуштено.
Откако состојбата се влоши, целото семејство повторно беше пренесено во болница во текот на ноќта. Набргу потоа, двете деца починаа, а потоа во петокот почина и мајката. Таткото е сè уште на интензивна нега – нема нови информации за неговата состојба.
Неостварен сон
Таткото на починатата жена изјави за новинската агенција Анадолу дека се надева на добри вести за својот зет. Семејството доаѓало во Турција на одмор секоја година. Ова лето, тие го уредиле и реновирале таванот во семејниот стан во нивниот роден град Болдавин: „Тие планирале да се преселат тука. Ова беше нивниот сон.“
Со над 19 милиони туристи годишно, Истанбул е една од најпосетуваните метрополи во светот. Туристичката канцеларија зборува за тоа како градот целосно се опоравил по терористичките напади и политичките немири во последните години. Според германските медиуми, хигиенските стандарди во рестораните се зголемени во последните години.
Свет
Шефот на Би-Би-Си: Трамп нема основа за тужба
Британската Би-Би-Си ќе се спротивстави на секоја правна постапка што ќе ја покрене Доналд Трамп против неа, изјави директорот на јавниот радиодифузен сервис, додавајќи дека нема основа за тужба за клевета поради начинот на кој е монтиран еден од говорите на американскиот претседател.
Трамп пред три дена изјави дека веројатно ќе ја тужи Би-Би-Си оваа недела за износ до пет милијарди долари отштета откако радиодифузерот неприродно спои два дела од говорот на Трамп, оставајќи впечаток дека американскиот претседател отворено повикува на немирите што се случија во Капитол во јануари 2021 година.
Генералниот директор на Би-Би-Си, Самир Шах, испрати лично писмо до Трамп за да се извини за монтажата, соопшти радиодифузерот, но додаде дека тој силно негира дека има каква било основа за тужба за клевета. Трамп им кажа на новинарите дека ќе бара помеѓу 1 милијарда и 5 милијарди долари.
„Мислам дека морам да го направам тоа. И тие дури и признаа дека измамиле“, рече тој.
Шах денес им кажа на вработените во Би-Би-Си во е-пошта дека има широко распространети шпекулации за можноста за судска постапка, вклучувајќи потенцијални трошоци или спогодби.
„Во сето ова, ние, секако, сме остро свесни за привилегијата на нашето финансирање и потребата да ги заштитиме нашите даночни обврзници, британската јавност“, рече тој.
„Сакам да бидам многу јасен со вас: нашата позиција не се променила. Нема основа за тужба за клевета и ние сме решени да се бориме против тоа“, рече Шах.
Регион
Албанија го отвори последниот преговарачки кластер со ЕУ
Албанија денес ги отвори преговорите во последниот од вкупно шест преговарачки кластери, кои ги опфаќаат земјоделството, кохезиската политика и буџетот, а сега останува да го затвори поглавјето.
„Албанија покажа дека е посветена на европскиот пат, дека има јасна политичка посветеност, беше особено пофалена затоа што е 100% усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ“, изјави хрватскиот државен секретар во Министерството за надворешни работи, Андреја Метелко Згомбиќ.
Албанија е земјата што најбрзо напредува во пристапните преговори. За 13 месеци, таа ги отвори сите шест преговарачки кластери. Според новата методологија на пристапните преговори, 35 преговарачки поглавја се поделени во шест тематски единици, шест кластери.
Преговорите повеќе не се отвораат во поединечни поглавја, туку во кластери, што не е случај со затворањето, каде што секое поединечно поглавје сè уште се затвора одделно.
По отворањето на сите кластери за преговори, следниот чекор е да се исполнат привремените критериуми во основниот кластер, кој ги опфаќа правдата и внатрешните работи, што е услов за затворање на другите поглавја од преговорите.
Албанската влада си постави цел да ги заврши пристапните преговори до крајот на 2027 година.
„Албанија е најдобриот пример за трансформативната моќ на проширувањето. Таа е инспирација за многу земји од Западен Балкан“, рече комесарката за проширување Марта Кос.

