Свет
Двајца мртви во експлзоија на цистерна со сурова нафта на границата меѓу Ирак и Јордан
Дваесетина цистерни со мазут се запалиле во четвртокот на границата меѓу Ирак и Јордан по експлозијата на едно од возилата, при што загинале две лица а 12 се сериозно повредени, јави Agence France-Presse, повикувајќи се на извор во безбедносните служби
„Една од цистерните, кои пренесуваа нафта од Ирак во специјална зона којашто се наоѓа на неутрална територија на границата меѓу Ирак и Јордан, експлодирала поради техничка грешка. Експлозијата предизвика пожар кој се рашири на преостанатите 19 цистерни“, рекол изворoт за AFP.Соговорникот на агенцијата потврдил дека во несреќата две лица загинале а 12 се сериозно повредени, на кои им е дадена итна медицинска помош. Сепак неколку луѓе се водат за исчезнати. Според првичните податоци, причината за експлозијата и пожарот биле непочитувањето на безбедносни мерки на претпазливост на механизмот за одвод на горивото. Во моментов се уште се води истрага, додава агенцијата.Јорданскиот пожарникари во четврток навечер се борат да го стават под контрола пожарот крај град Рувашед, пренесува Reuters повикувајќи се на изјавија од официјални лица на пограничните власти во Јордан.Очевидец за агенцијата изјавил дека од далеку може да се забележат високите пламени јазици и тежок чад што се уште се издигаат од запалените цистерни.Пустинската граничната област е релативно мирна од бунтовнички напади, и нивната бројка е речиси занемарлива откако кулминираа во 2003 г., по инвазијата на американските сили врз Ирак.Ирак е третиот регион во светот според резерви на нафта, со потврдени повеќе од 115 милијарди барели. Неговите главни полиња се наоѓаат во јужниот регион, чиј центар е Басра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Две лица загинаа во напад во парк во Германија
Во баварскиот град Ашафенбург, две лица загинаа, а некои се тешко повредени во напад во паркот Шонтал. Според првичните информации, околу 11:45 часот неколку лица биле нападнати со остар предмет.
Полицијата извести дека се повредени тројца возрасни и едно дете, пренесе Билд. Набргу потоа стигна потврда дека две лица загинале, а меѓу жртвите, пишува Билд, има и дете.
Според полицијата, едно лице е уапсено, а нема други осомничени. Засега не е позната позадината на нападот, соопшти полицијата, но не се работи за терористички напад.
❗️🔪🇩🇪 – Two Arrested in Aschaffenburg: Knife Attack in Park! Two Dead, Several Seriously Injured
In Aschaffenburg, Bavaria, a violent incident in Schöntal Park resulted in two fatalities and several severe injuries. Initial reports indicate that multiple people were attacked… pic.twitter.com/m6f9qhxw1a
— 🔥🗞The Informant (@theinformant_x) January 22, 2025
Сообраќајот на возовите на јужната станица бил запрен бидејќи осомничениот наводно се обидел да избега преку шините.
Паркот Шонтал, кој се простира на девет хектари, е широко ограден. Портпаролот на полицијата изјави дека нема опасност за јавноста. Зачестените патроли на полицајци во паркот би можеле да бидат причината поради која осомничениот беше толку брзо приведен. Ашафенбург се наоѓа во административната област Долна Франконија во Баварија, во близина на државната граница со Хесен.
Свет
Шефицата на европската дипломатија: Времето не е на страната на Русија, ама не е ниту на нашата
Русија е егзистенцијална закана за безбедноста на Европската Унија и единствен начин да се спречи тоа е да се зголемат трошоците за одбрана, изјави шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, додавајќи дека ЕУ предолго ѝ нуди на Русија алтернативи.
„Русија е егзистенцијална закана за нашата безбедност денес, утре и инвестициите во нашата одбрана се недоволни“, рече таа во говорот на годишната конференција на Европската агенција за одбрана (ЕДА).
„Луѓето велат дека сум јастреб кога станува збор за Русија. Мислам дека сум само реална“, рече Калас.
Калас, која е меѓу најгласните противници на рускиот претседател Владимир Путин во ЕУ, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп е во право кога вели дека земјите членки на ЕУ не трошат доволно за одбрана.
Трамп овој месец рече дека членките на НАТО треба да потрошат 5 проценти од БДП на одбраната, што е големо зголемување од сегашната цел од два процента и ниво што во моментот не го исполнува ниедна членка на НАТО, вклучително и Соединетите Американски Држави.
„Времето не е на страната на Русија. Но, не е нужно ниту на наша страна бидејќи сè уште не правиме доволно. Не треба да се сомневаме дека треба да трошиме повеќе за да спречиме војна. Но, исто така треба да се подготвиме за војна“, рече Калас.
Свет
Рускиот заменик-министер: Има простор за преговори со Трамп, иако мал
Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, изјави дека Москва гледа мал простор за преговори со новата американска администрација на претседателот Доналд Трамп, пренесе „Интерфакс“.
„Не можеме да кажеме ништо денес за нивото на капацитетот на новата администрација за преговори, но, сепак, во споредба со безнадежноста во секој поглед на претходниот шеф на Белата куќа (Џо Бајден), денес има простор, иако мал“, рече Рјабков.
„Затоа, важно е да се разбере што и со кого ќе треба да се справиме, како најдобро да изградиме односи со Вашингтон, како најдобро да ги максимизираме можностите и да ги минимизираме ризиците“, рече тој во Институтот за американски и канадски студии во Москва.
Трамп, кој ја презеде функцијата во понеделникот, рече дека може бргу да ја заврши војната во Украина, без да прецизира како.
Вчера, тој предупреди дека, најверојатно, ќе воведе повеќе санкции кон Русија доколку рускиот претседател Владимир Путин одбие да преговара за крај на војната, која трае речиси три години.
Трамп не откри детали за можните нови санкции против Русија, која веќе е под значајни западни санкции поради војната во Украина.