Македонија
ФФМ се придружи на протестите до Фуле

Со длабоко вознемирување ги примивме информациите дека Европската комисија промовира и практикува отворена негација на македонскиот идентитет. Ваквите постапки не се правилни, не се добри, и не му користат на никого,
Со длабоко вознемирување ги примивме информациите дека Европската комисија промовира и практикува отворена негација на македонскиот идентитет. Ваквите постапки не се правилни, не се добри, и не му користат на никого, и затоа треба што побргу да бидат сменети и да не продолжуваат да се спроведуваат, се вели во дописот на Фудбалската федерација на Македонија, до еврокомесарот за проширување на Европската Унија, Штефан Фуле.„Фудбалот, како најважната споредна работа на светот, покрај тоа што е најзначаен спорт, е и голем промотор на здравиот систем на вредности и на културни придобивки. Фудбалот, и фудбаласката светска и европска федерација, покрај тоа што промовираат здрав живот, спротивставување на расизмот, насочување кон образование за индивидуален напредок и избегнување на навредувањето по било која основа, промовира и почитување помеѓу луѓето и почитување на идентитетите, вредности кои ние како претставници на македонскиот фудбал дословно ги почитуваме, и очекуваме од вас како граѓани на Европа истото тоа да го правите“, се вели во реакцијата на фудбалската асоцијација на Македонија.Во неа, исто така, се наведува дека вредностите кои се сметаат за цивилизациски и етични и се прифатени од милијарди луѓе на планетата, треба на еврокомесарот Фуле да му послужат „како пример и инспирација како треба да се однесувате, со почит, со уважување на нашето достоинство и со отворени врати за соработка без подметнувања и понижувања“.„Нашите фудбалери се промотори на универзалните човечки вредности ширум Европа и светот, и придонеле во развојот на фудбалската игра и зближување на нациите. Нашите фудбалери и во многу конкретни ситуации не дозволиле да бидат понижени, а кога некој се дрзнал да им го оспори македонскиот идентитет, се спротивставиле, и не дозволиле да бидат девалвирани, туку напротив успеале светот да биде запознаен дека тие се Македонци, и ништо освен тоа. Така ќе биде и во иднина, секогаш и секаде“, се вели на крајот од дописот на ФФМ, при што се порачува дека фудбалерите и сите членови на Фудбалската федерација на Македонија, ги претставуваат боите на Република Македонија, „играме за македонската репрезентација и за македонските граѓани“.Деновиве на адреса на еврокомесарот Фуле протести и со барања да бидат исправени грешките во годишниот извештај на Европската комисија за напредокот на Република Македонија, откако во него беше изоставен атрибутот „македонски“, беа испратени многу реакции од пошироката македонска јавност и протесни писмени реакции од многу академски, културни, синдикални и спортски здруженија и асоцијации./крај/со/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Јанев во посета на ГП Дојран: Времето на чекање е намалено на половина

Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев, денес беше во работна посета на граничниот премин Стар Дојран, каде што пренесе порака дека нашата држава се грижи, инвестира и одлучно стои на секој чекор од својата граница.
„Со отворањето две нови ленти за гранична контрола пред 2 месеца, овозможуваме побрз и поефикасен влез и излез за над 35.000 патници неделно, од кои повеќе од 21.000 се странски државјани. Брзината е зголемена, а времето на чекање намалено за половина. Ова не е само логистика – ова е безбедност, гостопримство и државничка грижа на дело! Особено се гордеам што по долга пауза, повторно е воспоставена граничната патрола по Дојранското Езеро. Тоа е доказ дека нема да дозволиме ниедна точка од нашата граница да остане незаштитена – ниту на копно ниту на вода“, рече Јанев при посетата.
Посетата беше и можност директорот да изврши увид врз донираната техничка опрема и возилата од страна на Сојузната германска полиција и потенцира дека таквата поддршка ни значи многу.
„Германските партнери преку опрема, дигитални алатки и заеднички обуки ја зајакнуваат нашата гранична полиција да биде уште поефикасна во откривање и спречување на прекуграничниот криминал. Ова е патот напред, патриотизам на дело, партнерства во пракса, безбедност за секој граѓанин и бескомпромисна борба против криминалот“, рече Јанев.
Македонија
Мисајловски: АРМ минува низ досега најинтензивен процес на модернизација и опремување

На маргините на саемот за воена индстрија во Истанбул – IDEF 25, министерот за одбрана Владо Мисајловски, заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски се сретна со министерот за национална одбрана на Република Турција, Јашар Ѓулер.
На средбата беше истакната долгогодишната активна одбранбена соработка базирана на заедничката визија за одржување на стабилноста и безбедноста на регионот и развојот на двете земји.
На средбата е заклучено дека двете земји продолжуваат да го јакнат партнерството преку размена на знаење и стручност во сите области.
Министерот Мисајловски се осврна и на последната нова и софистицирана опрема која стана дел од арсеналот на Армијата – хаубиците „Боран“ од турско производство кои се дел од декларираната артилериска батерија на Лесната пешадиска баталјонска група, при што истакна дека „македонската Армија е убедена во квалитетот на турската воена индустрија “ и упати благодарност за континуираната поддршка од страна на Турција особено во развојот на армиските капацитети.
„Македонската Армија минува низ досега најинтензивен процес на модернизација и опремување, што несомнено е инвестиција во безбедноста на македонските граѓани. Посилна Армија значи и посигурна и побезбедна колективна одбрана во НАТО“, рече министерот.
Вчеравечер, во рамки на посетата на Турција и учеството на саемот за воена индустрија IDEF 25, министерот Мисајловски се сретна и со претседателот на Агенцијата за одбранбена индустрија на Турција, Халук Ѓорѓун со кого разговараше за развојот на воената индустрија и потребата од зголемени инвестиции во оваа област, како начин за зацврстување на безбедноста на сојузниците.
Турската воена индустрија е од интерес за македонската одбрана, особено имајќи предвид дека Армијата веќе се опреми со шест нови хаубици 105mm и придружна опрема од компаниите „Боран“ и „Аселасан“ кои неодамна беа промовирани на македонската јавност.
Македонија
Состојбата на Гаши е стабилна, соопштија од неговиот кабинет

Здравствената состојба на претседателот на Собранието, Африм Гаши, е стабилна, информираат од неговиот кабинет.
„Во врска со информациите објавени во медиумите за здравствената состојба на претседателот на Собранието на Северна Македонија, г. Африм Гаши, ја информираме јавноста дека тој вчера беше хоспитализиран на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија. Здравствената состојба на г. Гаши е стабилна, а во моментот се вршат детаљни лекарски прегледи“, велат од Собранието.
Од таму додаваат дека сите понатамошни информации ќе бидат навремено доставени до јавноста од надлежните институции.
Гаши бил примен во болница синоќа нешто по полноќ, со сериозни болки и тегоби во стомачната регија.