Македонија
Есма Реџепова: Кошаркарите направија многу за македонскиот народ
Не постојат зборови со кои можам да ја опишам радоста по победата над Грција. На нашите соседи им покажавме дека иако сме мали и сиромашни, сепак, сме максимално талентиран народ
Македонските кошаркари што настапуваат на Европското првенство (ЕП) во Литванија со своите победи речиси преку ноќ успеаја максимално да го сплотат нашиот народ, кој за тоа треба вечно да им биде благодарен.Ова се зборови на легендарната пејачка Есма Реџепова, која викендов е во Литванија каде што ќе се обиде да им даде максимална поддршка на хероите предводени од селекторот Марин Докузовски во обидот да се дојде до историскиот бронзен медал на континенталниот шампионат. Таа вели дека ги следела сите досегашни натпревари на Македонија на ЕП и и дека е одушевена од начинот на кој кошаркарите го оставале своето срце во обидот да и се донесе победа на нашата држава.
„Не верувам дека во Македонија има човек што не ги следи чудата на кошаркарите. Почувствував дека на тие млади момчиња ќе им биде потребна помош во пресудните битки за еден од медалите поради што решив да дојдам во Каунас и заедно со останатите македонски навивачи да им ја дадам максималната поддршка од трибините.“, ни изјави Реџепова.
Легендарната пејачка не криеше дека најрадосна била кога Македонија ја совладала Грција.„Не постојат зборови со кои можам да ја опишам радоста по победата над Грција. На нашите соседи им покажавме дека иако сме мали и сиромашни, сепак, сме максимално талентиран народ, кој верува во својите способности.“, дополнува Реџепова.
На крајот од нашиот разговор, пејачката, чие име е популарно во целиот свет, им порача на кошаркарите да не се плашат од укажаната шанса и на утрешниот меч со Русија за бронзата да одиграат на ист начин како досега, со големо срце и со максимална борбеност. Ако го сторат тоа тогаш тие никако не можат да загубат. А, Реџепова, без разлика на конечниот исход од овој натпревар, вети дека во најкус можен рок ќе организира концерт посветен на нашите кошаркарски херои.
Покрај Реџепова, деновиве во Литванија меѓу навивачите се наоѓаат и други естрадни ѕвезди како Дарио, Мики Јовановски-Џафер, Ламбе Алабаковски, актерот Ѓорѓи Тодоровски…
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Власта не се откажува од авионот, туку од зголемувањето на платите за работниците!“, велат од СДСМ
„Власта се нема откажано од авионот. Буџетот на СОЗР за оваа 2026 година беше зголемен за 124 милиони денари и тој е непроменет. Во Категорија 48 (Капитални расходи), под ставката за опрема, оваа сума соодветствува на годишна рата за купување авион со рок на отплата од повеќе години“, велат од СДСМ.
„Власта одбива да направи ребаланс на буџетот и парите да ги пренамени за плати. Тоа потврдува дека авионот не е избришан од Буџетот.
А во Собранието пратениците на ВМРО-ОКГ не сакаат ниту да разговараат за нашиот предлог за ребаланс на Буџетот, ниту за новиот Закон за минимална плата од 600 евра.
Мислат дека со дефокус ќе направат луѓето да заборават на авионот и тивко да работат во позадина за во иднина да земат нов. Луксузот на ВМРО-ОКГ не трпи, трпат само работниците.
Авионот сакаат да го земат на лизинг, на рати, па тоа да го претстават поинаку, само како изнајмување за потребите на Владата.
Никој не е наивен! Граѓаните ќе плаќаат, платите на работниците нема да ги зголемат. Ќе има пари за авион, мебел, луксуз, тендери, но за работниците нема да има“, соопшти СДСМ.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.

