Свет
Сириските сили го стегаат обрачот околу демонстрантите
Сириските сили во средата го засилија притисокот врз жаришта на протестите против 11 годишното владеење на претседателот Башар ал-Асад кој се соочува со зачестените
Сириските сили во средата го засилија притисокот врз жаришта на протестите против 11 годишното владеење на претседателот Башар ал-Асад кој се соочува со зачестените повици на меѓународната заедница да го прекине насилството во кое според меѓународните организации за човекови права се убиени 450 луѓе.Агенциите известуваат дека тенковите на сириската армија патролираат низ градое Дера’а на југ од земјата каде бунтот против претседателот Башар ал-Асад избувна пред шест седмици а војниците преку ноќта се распоредени по предградијата на главниот град Дамаск каде демонстрантите изминатите два дена се обидуваа од периферијата да вмаршираат во центарот на градот, но беа запрени со истрели од безбедносните сили. Исто така, безбедносните сили го опкружиле и крајбрежниот град Баниас. Според очевидци, најмалку 30 тенкови тргнале во средата рано наутро од областа југозападно од Дамаск во близина на линијата на боиштето со Израел за Голанската висорамнина во насока по која може да стасаат во Дума или во Дера’а.Германската влада во средата соопшти дека силно ги поддржува санкциите на Европската унија против сириското раководство, а Европската комисија изјави дека се отворени сите опции за присилни казнени мерки против власта во Дамаск.Франција го повика сирискиот амбасадор вложувајќи му протест против насилството и соопшти дека истото го направиле и Велика Британија , Шпанија, Германија и Италија. „Сириските власти мора да ги исполнат легитимните барања на сопствениот народ за реформи а не со употреба на сила“, соопшти француското министерство за надворешни рабoти, пренесува AFP.САД, кои во 2004 г. воведоа ограничено економско ембарго против Сирија, најавија дека разгледуваат и натамошни санкции како одговор на „ужасното насилство“ од страна на безбедносните сили против демонстрантите. Власта на претседателот Асад последната деценија стана блиска со Иран и двете земји им даваат поддршка на исламистичките движења Хамас и Хезболах/крај/афп/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

