Македонија
Инспекторатот за труд ќе го испитува отказот на Претседателката на ССНМР
Министерството за труд и социјална политика, преку Државниот инспекторат за труд, веќе започна со постапка за испитување на случајот со врачување отказ на новинарката Тамара Чаусидис.
Министерството за труд и социјална политика, преку Државниот инспекторат за труд, веќе започна со постапка за испитување на случајот со врачување отказ на новинарката Тамара Чаусидис.„Инспектори на Трудовиот инспекторат, во согласност со Законот, а по добиен глас од медиумите, веќе се испратени да остварат надзор за утврдување на сите аспекти на случајот, и да увидат дали на било кој начин се загрозени или попречени правата од работен однос на г-ѓа Чаусидис и да испитаат дали се почитувани законските прописи“, соопштија денеска од ова Министерство. Тие потсетуваат дека во случајот со отпуштање на вработени во „Утрински весник“, по реакцијата на институциите и по констатираните повреди на правата од работен однос на вработените, отпуштените работници беа вратени на работа. Тамара Чаусидис, претседателката на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, инаку вработена во Алсат М телевизија, денеска соопшти дека вчера била информирана за прекинување на нејзиниот договор за вработување, односно дека е одјавена од работа врз основа на „спогодбен договор за отказ“.Таа додаде дека отказот е директен атак врз Синдикатот, поттикнат и охрабрен и од други институции кои сакаат да се сосече во корен обидот за солидаризирање и обединување на новинарите. На отказот реагираа и Здружението на новинарите (ЗНМ) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ), кои оценија дека ваквиот чекор е преседан, бидејќи синдикалниот лидер е под законска заштита за да може да ги исполнува синдикалните обврски./крај/со/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Претежно облачно, попладне и кон крајот на денот повремен дожд
Променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.
Во Скопје, претежно облачно, попладне и кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер што ќе услови до недела релативно високи температури. Од недела попладне ќе започне да дува северен ветер и температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
Магла на неколку патни правци, слаб снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Слаби врнежи од снег на Попова Шапка без задржување на коловоз. Намалена видливост поради појава на магла има на планинските премини Плетвар до 100 метри, Стража до 80 метри и кај Крушево до 30 метри, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Силен земојтрес почувствуван во Македонија
Силен земјотрес беше почувствуван вечерва во 22:05 часот во Македонија.
Според информациите на ЕМСЦ, потресот бил регистриран во Косово, на 15 километри од Тетово, со магнутуда од 4,6 степени.
Земјотресот бил на длабочина од 5 километри.
Засега нема информации за штети.

