Македонија
Талевски: Комисијата за штети функционира
Комисијата за проценка на штети функционира, тврди Владимир Талевски, градоначалникот на Битола, и според него информациите дека членовите на комисијата се повлекуваат од функциите се тенденциозни.
Комисијата за проценка на штети функционира, тврди Владимир Талевски, градоначалникот на Битола, и според него информациите дека членовите на комисијата се повлекуваат од функциите се тенденциозни.Според Талевски, состојбата со поплавите е предимензионирана бидејќи елементарна непогода сеуште не е прогласена.„Се претерува со предимензионирање на нешто што не постои. Елементарна непогода нема и ситуацијата се предимензионира од опозицијата. Не треба природните појави да се политизираат, бидејќи се обидуваме да им помогнеме на мештаните колку што можеме,“ изјави градоначалникот.Денеска како резултат на излевањето на Реката Црна во подрачјето на селото Бучин, беше поплавен атарот на неколку села кои припаѓаат на Општина Могила.Според проценките, зафатени се селата Трновци и Свето Тодори, а под вода се наоѓаат околу 300 до 500 хектари обработливо земјиште засеано со пченица и јачмен.
Последиците за жителите на поплавените села сеуште се утврдуваат. /крај/тера/нч/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Ѓорѓиевски: Додека градот спие, ние сме будни, грижата за граѓаните не познава пауза
Заедно со дежурната зимска служба на Град Скопје, во текот на целата ноќ сме на терен, на улиците и булеварите под надлежност на градот, каде навремено посипуваме сол поради ниските температури, со посебен фокус на критичните точки, напиша на социјалните мрежи, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
„Додека градот спие, ние сме будни, бидејќи грижата за граѓаните не познава пауза, ниту пак временски услови“, додаде тој.
Македонија
Без струја денеска дел од Бутел
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска е планиран прекин и тоа:
– во периодот од 09:00 до 10:30 часот, дел од потрошувачите на улицата Гемиџиска (првите куќи на почетокот од улицата) и деловните објекти на почетокот од ул.Ферид Бајрами каде се наоѓа предметниот објект. (општина Бутел)
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради промена на шибер Ф-80мм на улицата Јани Лукровски бб испред Т.Ц во населба Автокоманда, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Јани Лукровски, општина Гази Баба.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до санирање на дефектот.

