Економија
Промовиран портал за подршка на извозно ориентираните фирми
Портал кој има за цел да им помогне на претпријатијата од регионот, вклучително и Македонија да го унапредат извозот, беше промовиран денеска
Портал кој има за цел да им помогне на претпријатијата од регионот, вклучително и Македонија да го унапредат извозот, беше промовиран денеска истовремено во повеќе држави. Порталот www.see-consultancy.net треба да им послужи на фирмите, особено на малите и средни претпријатија, полесно да се справат со предизвиците со кои се соочуваат при извозот. Во овој проект, кој сто е поддржан од германската влада, вклучени се институции и партнери од Македонија Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија.Овој проект е од особено значење за македонските фирми, бидејки ќе им овозможи да дојдат до полесни информации при нивните извозни аранжмани, изјави Ацо Спасовски од Стопанската комора на Македонија.Преку порталот, може да се добијат информации за условите за бизнис во регионот и да се контактираат соодветни консултанти.Извозно ориентираните фирми од регионот најчесто се соочени со проблеми при воспоставување на контакт и врски, отсуство на заеднички настапи за истражување на потенцијалите на европскиот пазар и воспоставување на форми на поддршка на извозот./крај/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,75 % во однос на одлуката од 11.9.2024 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,079%, кај дизелот за 4,246%, кај екстра лесното маслоза 4,162% и кај мазутот има намалување за 3,434%.
Од 17.9.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС – 95 73,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС – 98 75,50 (денари/литар)
Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 67,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) 66,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 41,328 (денари/килограм)
Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,50 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕВРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,989 ден/кг и сега ќе изнесува 41,328 ден/кг.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната
пресметка е понизок за 0,1676 %.
Економија
(Видео) „Алкалоид“ го комплетира првиот настан за развој на лидерството
На првиот успешно реализиран алкалоидов настан „Развој на лидерството“ менаџерските тимови од земјава и од странство имаа можност да се запознаат со најновите трендови за јакнење на клучните лидерски вештини низ развој заснован на вредности и на ефектно донесување одлуки.
По воведното обраќање на Генералниот директор/Претседател на УО на „Алкалоид“ АД, Живко Мукаетов, говорници на настанот беа еминентни светски експерти од областа: Хари Крамер, поранешен извршен директор на „Бакстер интернешанал“, автор, професор и извршен партнер во „Келог школа за менаџмент“, и Оливие Сибони, поранешен сениор партнер во „МекКинси & компани“, француски консултант, академик и автор, професор на „ХЕК Париз“.
ПР текст
Економија
Мицкоски: Очекувам уште три странски инвестиции до крајот на годината
Претседателката на Комората најави почеток на две инвестиции, на кои изминатиов период заедно присуствувавме и ги почнавме.
Очекувам во периодот што следува, покрај оние четири договорени од почетокот на функционирањето на оваа Влада, уште дополнителни три до крајот на годината, со што драматично ќе се зголеми економската активност и ќе влијаат позитивно на растот на домашниот бруто-производ за 2025 година, но и за годините што следуваат потоа“, информира премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе има нови странски инвестиции во земјата.
Мицкоски посочи дека носењето нови странски инвестиции значи и отворање нови работни места и поквалитетен и подобар животен стандард за граѓаните укажувајќи дека Владата ќе продолжи да работи и во иднина за силен економски развој на државата.
„Воедно, носењето нови странски инвестиции значи и отворање нови работни места, подобар и поквалитетен животен стандард за граѓаните, на што Владата и во иднина ќе работи, со цел да се постигне силен економски развој на државата, што впрочем е и еден од најважните приоритети на Владата“, дециден е тој.