Контакт

Македонија

??????? ?? ????? / ??????????

Објавено пред

„Дневник“ – Под наслов „Изборна пресметка на 5 јуни“, весникот пишува дека предвремените парламентарни избори во земјата ќе се одржат на 5 јуни,

dobivaj vesti na viber

„Дневник“

Под наслов „Изборна пресметка на 5 јуни“, весникот пишува дека предвремените парламентарни избори во земјата ќе се одржат на 5 јуни, откако лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски соопшти дека се откажуваат од сите барања, премиерот Никола Груевски веднаш одговори со терминот за предвремените избори. Датумот за изборите, што го понуди премиерот, според СДСМ, на лидерската средба го посакувал претседателот на ДУИ, Али Ахмети. „Нова Македонија“

.„Зависноста на судството ја кочи независна Македонија“, пишува дека на одбележувањето на 66 години од воспоставувањето на македонскиот правосуден систем, никој нема јасен одговор дали Македонија успеа да обезбеди независно судство. Целокупната слика за македонското судство ја оцрнуваат партиски и лични интереси, нереални амбиции, нестручност, непрофесионалност и корумпираност.  „Утрински весник“

„Ситно брои шестиот парламент“, весникот анализира дека за разлика од 2008 година кога имаше бурна собраниска расправа (формално по иницијатива на ДУИ) која траеше до раните утрински часови, самораспуштањето на парламентот ќе биде техничко прашање. Премиерот Никола Груевски најави дека иницијативата за распуштање на парламентот ќе ја поднесе неговата партија. Парламентот најрано може да се распушти на 6 април, во меѓувреме Собранието ќе ги направи измените на Изборниот законик и ќе избере нов претседател на ДИК.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Ќе се градат и реконструираат 30 спортски сали во училиштата, најави Владата

Објавено пред

Од

Владата најави дека ќе се градат и реконструираат 30 спортски сали во основните и средни училишта.

dobivaj vesti na viber

Владата ја разгледа и усвои информација за обезбедување на буџетско учество за реализација на заемот за изградба и опремување на 30 училишни спортски сали во основните училишта и реконструкција на училишта.

Во рамките на Министерството за образование и наука се реализира проектот – Изградба и опремување на 145 училишни спортски сали и рехабилитација на основни и средни училишта. Истиот има за цел да обезбеди подобри услови за реализација на наставата, како и да го унапреди училишниот спорт, здравјето и здравите навики на учениците.

„Изградбата на училишни спортски сали е дел од програмата на Владата и е уште еден од проектите кои започнуваат постапка за нивна реализација. За таа цел, Владата ја разгледа и усвои информацијата за обезбедување на буџетско учество за реализација на заемот за изградба и опремување на 30 училишни спортски сали во основните училишта и реконструкција на училишта и даде согласност за преземање обврски за чие плаќање е потребно користење на буџетски средства во 2026, 2027, 2028 и 2029 година за заемот за изградба и опремување на 30 училишни спортски сали во основните училишта и реконструкција на училишта“, се наведува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Македонија

Владата одбри средства за набавка на инсулин

Објавено пред

Од

Владата на денешната 73 редовна седница ја усвои информација за давање согласност за финансиски средства за набавка на инсулин, глукагон, инсулински игли и ленти за мерење шеќер, инсулински пумпи со потрошен материјал и сензори за континуирано мерење на гликемија за периодот април 2025 – април 2027 година.

dobivaj vesti na viber

За оваа намена ќе бидат потрошени 2.319.311.828,00 денари со вклучен ДДВ, од кои 1.854.864.916,00 денари со вклучен ДДВ се средства потребни за инсулинска терапија и 464.446.912,00 денари со вклучен ДДВ средства потребни за инсулински игли и ленти за мерење шеќер, инсулински пумпи со потрошен материјал и сензори за континуирано мерење на гликемија.

„Средствата е предвидено да се исплаќаат од Програмата за обезбедување на инсулин, глукагон, инсулински игли и ленти за мерење шеќер, инсулински пумпи со потрошен материјал и сензори за континуирано мерење на гликемија со точно утврдена динамика на плаќање. Владата останува посветена на унапредување и грижа за здравјето на сите граѓани“, соопштија од Владата.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДС, партија која ја распродаваше државата како на попуст во трговски центар, зборува за надворешна политика, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

СДС денес повторно ја покажува својата целосна бесрамност. Партијата што се обиде ја претвори Македонија во поданик на туѓи интереси, за среќа неуспешно заради отпорот на граѓаните, сега повторно го прави истото, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Токму тие, кои во стил на ефтин пазарџија го тргуваа името, историјата и достоинството на државата, сега се загрижени за, наводна, „надворешната изолација“. Изолацијата што тие ја посакуваат, а не онаа што постои, е нивната надеж дека ќе се врати времето кога туѓи политичари беа поважни од граѓаните. Тоа време заврши. Денес Македонија има влада која не клечи, туку стои исправено. Премиерот се среќава со светски државници, а не со советници од втор ред на странски фондации. Македонија не е ничиј експеримент“.

Македонија, акко што е наведено во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, се враќа на сопствени нозе, со почит и достоинство, и токму тоа домашните колаборационисти од СДС и ДУИ ги нервира најмногу.

„И додека тие лелекаат од Скопје, обидувајќи се да наметнат лажна слика за „дебакл“, јавноста гледа како нивните кадри ја клекнуваа државата на колена. И гледа како тие, денес бараат „златна виза“ за Дубаи, додека во Македонија зборуваат за правда и еднаквост. Вистинското лице на СДС е токму тоа: едно зборуваат, друго прават. Повикуваат на транспарентност, а бегаат во песочни палати на Блискиот Исток. Глумат патриоти, а први ги продаваат националните интереси. Глумат моралисти, а се први кога станува збор за личен интерес“.

Оваа Влада, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, нема да ви го исполни тој сон.

Потенцираат дека нема да има амнестии.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Во оваа фарса убијците добиваат милост, 12 години за масакрот на сестра ми што преминуваше улица на пешачки премин: семејството на Фросина повика на протест

„Ги повикуваме утре на протест против гнилиот судски систем сите наши пријатели, роднини и сите родители чии деца секојдневно минат...

Македонија3 часа

На Јаневска ѝ е рано да размислува за ресорот здравство: Имам толку многу да доработам во Образование во овој мандат, премиерот ќе одлучи

Премиерот и преговарачкиот тим во коалицијата ќе одлучат кој ќе биде нов министер за здравство на местото на Арбен Таравари,...

Македонија4 часа

Фрчкоски реагира: Кривичната пријава е банална, срамна и полна со неправилности

Љубомир Фрчкоски, поранешниот шеф на Постојаната мисија на Македонија при ООН во Њујорк, реагира по кривичната пријава за злоупотреби во...

Македонија5 часа

(Видео) Манасиевски: Таравари се интересира само за бизниси и за Груби и за Заев, досега не се разговарало за размена на ресори

Вечерва партијата ќе има редовна седница на Извршниот комитет на која што ќе се разговара за обвинувањата на Таравари за...

Македонија5 часа

Во историјата на овој суд не е изречена 12 години казана затвор за вакво дело, но го задржуваме правото да бараме поголема, рече обвинителот

Обвинителот Александар Марковски го задржа правото да бара поголема затворска казна од 12 години колку што денес му пропиша Основниот...

Македонија5 часа

Таткото на Фросина: Судот ги скри клучните сведоци, кои биле во возилото со Васил, едниот снимал, па ја избришал снимката

Дванаесет години казна е награда за ова најбрутално убиство во сообраќајот, изјави таткото на усмртената Фросина, Тодор Кулаков. Тој повика...

Македонија6 часа

Дванаесет години затвор за Васил Јованов, кој ја усмрти Кулакова на пешачки премин

Судот изрече 12 години затворска казна за 20-годишниот Васил Јованов, кој смртно ја прегази Фросина Кулакова на пешачки премин. Во...

Македонија8 часа

МВР со апел до граѓаните: Внимавајте на лажни е-пораки – фишинг-линкови, се злоупотребуваат имињата на повеќе македонски компании

Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи периодов констатира зачестена појава на таканаречени...

Европа9 часа

Со какви санкции му се заканува ЕУ на Путин?

Главните европски сојузници на Украина ја повикаа Русија на безусловно 30-дневно примирје и се заканија со нови санкции, според заедничкото...

Македонија9 часа

Несреќа на патниот правец Берово – Виница, сообраќајот во прекин

АМСМ извести дека се случила сообраќајна незгода на патниот правец Берово – Виница, кај село Будинарци. Поради незгодата од 07:30...

Свет10 часа

(Видео) Трамп: ЕУ игра повалкано од Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера повторно ја нападна Европската Унија, велејќи дека е полоша од Кина во многу аспекти, само...

Свет10 часа

Кинескиот претседател по договорот со Трамп: Малтретирањето води до самоизолација

Кинескиот лидер Кси Џинпинг ги осуди малтретирањето и хегемонијата во своето прво јавно појавување откако САД и Кина постигнаа привремен...

Македонија10 часа

Опожарено возило во Аеродром

Во периодот од 01:40 до 02:40 часот, пожарникарите гаснеле запалено патничко моторно возило, на површина од 2м2 на булеварот Видое...

Свет10 часа

(Видео) Трогателна средба: Еден Александар го прегрнува своето семејство откога Хамас го ослободи

Израелско-американскиот заложник Еден Александар се врати на своето семејство во Израел откога помина 19 месеци во заробеништво на Хамас во...

Европа10 часа

Ултиматумот на Европската Унија до Путин и Русија истече

Украина и европските лидери се согласија на безусловно примирје во траење од 30 дена, почнувајќи од 12 мај, со поддршка...

Македонија19 часа

Одиме во опозиција, доколку има сомнежи во тие што се во Владата, нема што да бараме таму, соопшти Таравари

Минатата година со гордост ја донесовме промената во албанскиот блок после 20 години и за тоа сме многу гроди, изјави...

Свет21 час

Зеленски: Ќе бидам во Турција, се надевам дека ќе дојдат и Путин и Трамп

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ќе отпатува во Истанбул на мировни преговори и дека е подготвен да се сретне...

Свет23 часа

Орбан: Никој не се осмелува да признае, но ја загубивме војната во Украина

Зapaдната стратегија насочена кон уништување на Русија не успеа, санкциите не ја постигнаа својата цел, а Русија ја спречи Украина...

Македонија1 ден

Левицата предлага инспекторат кој ќе казнува за непочитување на грбот, знамето и химната: МВР реагира за сквернавење, но не влегува во канцеларии

Партијата Левица оваа недела ќе поднесе предлог-закон за формирање инспекторат за употреба на грбот, знамето и химната на државата, како...

Македонија1 ден

Мицкоски: Државата беше во слободно паѓање, ни требаше стабилизација во оваа прва година

Премиерот, Христијан Мицкоски, на денешниот Самит 2025 во организација на „Македонија 2025“ истакна дека првиот ден од стапување на функцијата...