Општество
Институционализирање на ученичко организирање и учество во креирањето политики
Креирање на документ со препораки за промена на легислативата во насока на институционализирање на ученичкото организирање и учество на младите во креирањето на политиките кои се однесуваат на образовните реформи е главната препорака од годишното собрание на Коалиција СЕГА.
Креирање на документ со препораки за промена на легислативата во насока на институционализирање на ученичкото организирање и учество на младите во креирањето на политиките кои се однесуваат на образовните реформи е главната препорака од годишното собрание на Коалиција СЕГА.
ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА КОАЛИЦИЈА НА МЛАДОНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ СЕГА ИНСТИТУЦИОНАЛИЗИРАЊЕ НА УЧЕНИЧКО ОРГАНИЗИРАЊЕ И НИВНО УЧЕСТВО ВО КРЕИРАЊЕТО НА ПОЛИТИКИ ЗА ОБРАЗОВНИТЕ РЕФОРМИ Креирање на документ со препораки за промена на легислативата во насока на институционализирање на ученичкото организирање и учество на младите во креирањето на политиките кои се однесуваат на образовните реформи е главната препорака од годишното собрание на Коалиција СЕГА. Во просториите на Младински Културен Центар – НВО центарот во Скопје, Коалицијата на младински организации СЕГА го одржа редовно годишно собрание на Коалиција СЕГА на кое беше усвоен програмскиот и финансискиот извештај за работа за 2014 година, како и Годишната програма на Коалицијата СЕГА за 2015 година. Во рамките на собранието беа одржани две информативни сесии, на тема “Процес на креирање на Национална Стратегија за Млади (НСМ) и можност за вклучување на членките на СЕГА во процесот”. Претставникот од Агенција за млади и спорт на РМ, г-ца Зорица Стаменковска – советник за меѓународна соработка ги повика младинските организации, ги повика органзиаиите да се вклучат во процесот на креирање за да истата биде по мерка на потребите на младите. Втората сесија беше на тема „Мерките за вработување кои се однесуваат на граѓанските организации“ и на неа претставникот од Министерството за труд и социјална политика, г-дин Младен Фрчкоски истакна дека можноста од нивно искористување од страна на граѓанските органзиаии е добра основа за да се обезбедат нови вработувања во истите, придонесуваќи кон нивна долгорочна одржливост.Зоран Илиески – извршен директор на Коалиција СЕГА: “Препораките кои ги усвоивме на годишното собрание треба да дадат јасни препораки за тоа како да се зголеми младинското вработување. Вклучувањето на сите засегнати јавности во структурен дијалог ја покажува нашата заложба и потреба да се унапреди овој процес во кој ќе сите релевантни страни ќе дадат свој активен придонес.„Во рамките на собранието беше одржана пленарна сесија на која се дискутираше за улогата на СЕГА во започнувањето на иницијатива за измена на законите за основно и средно образование со цел обезбедување на институционална форма на ученичко организирање. Заклучокот беше дека СЕГА заедно со своите членки, од септември 2015 ќе започне процес на спроведување на локални дискусии, применуваќи го Европскиот модел на Структурен дијалог со власите, за измена на законите за основно и средно образование. Коалицијата на младински организации СЕГА е формирана во 2004 година со цел да придонесе кон процесот на креирање и имплементација на Националната стратегија за млади на Р. Македонија и да помогне во исполнување на потребите на младите. Коалицијата ја сочинуваат 27 членки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

