Македонија
Иванов и Вељаноски со честитка по повод Божик
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов упати честитка до сите христијански верници кои го прославуваат католичкиот Божик.
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов упати честитка до сите христијански верници кои го прославуваат католичкиот Божик.
„Божик е време за мир во мислите и душата и за добри дела кога уште еднаш ги потврдуваме нашите искрени заложби за негување и почитување на верските различности и религиозните посебности како врвна вредност на нашето општество“, се вели во честитката од Иванов.
Претходно и Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски од името на пратениците и од негово лично име, на верниците од католичка вероисповест во Република Македонија им го честита раѓањето Христово-Божик. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во најдолгиот месец од годината 988 вработени во инспекторатите сè уште немаат плата, Деаноски го обвини Министерството за финансии
Вработените во сите инспекторати во државата сè уште чекаат плата иако измина законски предвидениот рок за исплата. За доцнењето на платата денес извести претседателот на Синдикатот на вработените во управата, правосудните органи и здруженијата на граѓаните (УПОЗ), Трпе Деаноски, на протестот за повисоки плати пред Државниот завод за статистика.
„Сакам да ве информирам дека во овој момент 988 вработени сè уште немаат добиено плата за декември. Се работи за вработените во сите инспекторати во државата. Поради доцнење на Министерството за финансии, кое навреме не си ги презеде своите обврски, а во согласност со законските измени, 988 вработени оставени се без плата, без вратени кредити и без платени сметки во најдолгиот месец од годината. Вчера, истече и законскиот рок за исплата на плата, која се исплаќа најдоцна до 15 во месецот и сè уште нема информација кога и дали вработените во инспекторатите ќе ги добијат своите плати“, рече Деаноски.
„Макфакс“ денес не доби објаснување од Министерство за финансии за причините за доцнењето на патите на вработените во инспекторатите.
Македонија
Андоновски: Првпат закон за пристапност на лицата со попреченост до државните веб-страници и апликации
Министерството за дигитална трансформација, денеска организираше јавна расправа за Нацрт-законот за пристапност на веб-страниците и мобилните апликации на институциите од јавниот сектор, на која министерот Стефан Андоновски, имаше поздравно обраќање.
Андоновски ја истакна целта на Владата за создавање на целосно инклузивно дигитално општество.
„Создаваме правна рамка што ќе им оозможи на лицата со попреченост, на лицата со оштетен вид, како и на повозрасните граѓани целосно и рамноправно учество во дигиталното општество.“
На јавната расправа беа присутни претставници од државните институции, невладиниот сектор, меѓународните организации и академската заедница, демонстрирајќи го значењето на оваа законска регулатива за македонското општество.
„Овој закон е суштински чекор кон обезбедување целосна пристапност на владините веб-страници за лицата со попреченост. Ова е прашање кои со помош на технологијата, ќе овозможи основни човекови права и еднаков пристап до информации и услуги за сите граѓани”, истакна Андоновски.
Законот, кој произлегува од Директивата на ЕУ 2016/2102, предвидува сеопфатни мерки за обезбедување пристапност, вклучувајќи лесна и разбирлива пристапност до содржината, оперативност на интерфејсот и одржливост на техничката имплементација. За следење на спроведувањето на законот, Министерството за дигитална трансформација ќе се посвети на усогласеноста, обезбедувањето обуки и издавањето технички упатства.
„Нашата визија е јасна – градиме дигитална држава во која секој граѓанин, без исклучок, ќе има еднаков пристап до информации и услуги. Овој закон е дел од пошироките заложби на државата за исполнување на задачите од Реформската агенда, Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост од 2011 година“, нагласи Андоновски.
„Знаеме дека овој процес бара време и ресурси, но ова е инвестиција во подобра иднина во која дигиталната трансформација навистина не остава никого зад себе. Иднина во која технологијата ги руши, а не ги создава бариерите”, кажа министерот.
Македонија
(Видео) Новогодишната кошничка се покажа целосно промашена, цените не се намалија, според Лазаревска
Според Жаклина Лазаревска од СДСМ и новогодишната кошничка се покажа целосно промашена.
Таа оценува дека политиката на власта со кошнички доживеа тотален дебакл.
„Наместо да се намалат цените се зголемија, затоа што власта им остави време и простор на големите трговци да ги покачат цените на производите пред да стапи мерката во сила. Зејтинот, јајцата, шеќерот, млечните производи, грашокот, гравот и леќата, се е поскапено а тоа граѓаните го чувствуваат секој ден и го гледаат во продавниците и маркетите.
И официјалните податоци на Државниот завод за статистика потврдуваат дека кошничките се промашување. Трошоците за живот во декември 2024 година се зголемени за 4,4%, а цените на основните производи пораснале за 4,3%. Се зголеми и инфлацијата, во декември 2024 година е за 4,4 проценти повисока“.
Големите трговци, додава Лазаревска, се збогатија, а десетици милиони евра се извлечени од џебовите на граѓаните со амин на оваа влада.
Наместо погрешни и промашени политики со кошнички, според неа, власта треба да ги профати предлозите на СДСМ за укинување на ДДВ на храната и за зголемување на платите. Само така, дополни таа може реално да се намалат цените и да се подобри животниот стандард на граѓаните.