Економија
Раст на МБИ10 за симболични два поени
На Македонската берза, денеска се оствари промет од 14,575,482,00 денари од 91 реализирани трансакции.
На Македонската берза, денеска се оствари промет од 14,575,482,00 денари од 91 реализирани трансакции. Главниот индекс на 10 најликвидни компании МБИ10 порасна за 2 индексни поени или тоа беше за симболични 0,08 проценти пораст од вторникот, додека индексот на Јавно поседувани друштва забележа пад на својата вредност од 0,46 проценти или изгуби од својата вредност за 12 индексни поени за на крајот да застане на бројката од 2,624,09 поени. Индексот на обврзниците ОМБ, пак, забележа пораст изразен од 0,04 проценти во однос на вчера.Од овој промет поголемиот дел се реализира на Официјалниот пазар во вредност од 11,479,933,00 денари, преку 69 трансакции. Додека остатокот од 3,095,549,00 денари се реализира на Редовниот пазар. Најликвидна хартија од вредност на Официјалниот пазар по својот промет на тргување беше обврзницата од денационализација од девета емисија која се тргуваше по просечна цена од 77,50 проценти од номиналната вредност, додека со нив се истргуваа 145,535 количина и при тоа остварија вредност од тргување во висина од 6,936,525,11 денари од 21 трансакции.Втора по својот обем на тргување на Официјалниот пазар беше акцијата на Комерцијална банка АД Скопје со промет од 833,325,00 денари кој се реализира од осум трансакции, додека се тргуваше со просечна цена од 2,976,16 денари од акција што беше за 0,73 проценти поголема во однос од претходното тргување со овие акции.Трета според обем на тргување од официјалниот пазар акцијата на Алкалоид АД Скопје кои се тргуваа по просечна цена од 4,171,04 денари, со нив се истргуваа 180 акции од 8 реализирани трансакции или вкупно реализираа 750,788,00 денари на промет. Оваа акција се тргуваше во рамките од 4,180,00 денари како максимална цена до 4,157,00,00 денари како минимална цена која ја достигна.На Редовниот пазар за хартии од вредност најликвидна хартија од вредност беше акцијата на Осигурителна полиса Скопје со остварен промет од 1,230,000 денари од две трансакции, кои се тргуваа по цена од 1,230,00 денари од акција од кој оваа цена беше за 100,00 проценти поголема во однос од последното тргување со овие акции. Втора по својот промет на Редовниот пазар беше акцијата Очна оптика Геталдус Скопје кој остварија промет од 1,019,250,00 денари, а се тргуваше по просечна цена од 1,350,00 денари по акција. Со нив се истргуваа 755 обични акции.Пет најтргувани хартии од вредност1. Р.Македонија – Денационализација 092 . Осигурителна полиса АД Скопје3. Очна Оптика Геталдус АД Скопје4. Комерцијална банк АД Скопје5. Алкалоид АД СкопјеХартии од вредност со најголем раст1. Осигурителна полиса АД Скопје 100,00%2. Арцелормитал ХРМ 2,60%3. Топлификација АД Скопје 2,49%4. Р.Македонија – Денационализација 04%5, Стопанска банка АД Битола 1,13%Хартии од вредност со најголем пад1Жито Вардар АД Скопје 19,52%2. Скопски Пазар АД Скопје 13,03%3. Лотарија на македонија АД Скопје 5,99%4. ОКТА АД Скопје 4,76% 5. Реплек АД Скопје 4,75%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

