Македонија
ФЗОМ: Итно лекување во странство и за време на празниците
Осигурените лица и за време на новогодишните и божикните празници ќе можат да го остварат своето право на итна и неопходна здравствена заштита надвор од Македонија, информираат од Фондот за здравствено осигурување.
Осигурените лица и за време на новогодишните и божикните празници ќе можат да го остварат своето право на итна и неопходна здравствена заштита надвор од Македонија, информираат од Фондот за здравствено осигурување.
Ова се однесува на Германија, Австрија, Турција, Хрватска, Словенија, Србија, Црна Гора, Бугарија, Босна и Херцеговина, Чешка, Холандија, Луксембург, Белгија, Франција и Италија.
„Под итна и неопходна здравствена заштита се подразбира користење на здравствени услуги чиешто пружање не може да се одложи до планираното враќање во Република Македонија“, велат од ФЗОМ.
Во случај на ваква потреба, осигурениците ќе треба да се обратат во подрачните служби на ФЗОМ каде што е поднесена пријавата за задолжително здравствено осигурување, и да пополнат Барање за издавања на двојазичен образец за една од наведените земји.
Во барањето треба да се приложи потврда за здравствената состојба, издадена од матичниот лекар, како и наод, оценка и мислење на лекарската комисија на фондот.
Двојазичниот образец на осигурените лица на ФЗОМ им служи како привремена здравствена легитимација во земјата каде што патуваат и на основа на истиот се изедначени во однос на правата и обврските со осигурените лица на државата во која престојуваат.
„Тоа значи дека на основа на двојазичниот образец осигурените лица на ФЗОМ ќе можат да користат итни и неопходни здравствени услуги и за истите ќе треба да платат само лично учество (партиципација), доколку во законските прописи на земјата во која се престојува е предвидено лично учество (партиципација). Во спротивно осигурените лица на ФЗОМ не подлежат на никакви трошоци за користените здравствени услуги“, објаснуваат од фондот. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, во вечерните часови повремен дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта во северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови од утре во вечерните часови до понеделник следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни и во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²).

