Македонија
Новиот ЗКП воведува нов концепт на кривична процедура
Судии, обвинители, претставници од МВР, адвокати, односно сите субјекти кои ќе учествуваат во имплементацијата на новиот Закон за кривична постапка, започнаа со базични обуки за негово спроведување.
Судии, обвинители, претставници од МВР, адвокати, односно сите субјекти кои ќе учествуваат во имплементацијата на новиот Закон за кривична постапка, започнаа со базични обуки за негово спроведување. Според директорката на академијата за судии и јавни обвинители Анета Арнаудовска, новиот закон воведува сосема нов концепт на кривичната процедура, што ќе значи нов систем на воспоставување на односи меѓу сите учесници во постапката. Целта на овој закон е да овозможи водечка улога на јавниот обвинител во истражната постапка, систем на односи меѓу обвинителот и правосудната полиција, нова улога на судот во текот на истрагата и нова улога во текот на судењето.„Целиот систем на кривична постапка е изменет со цел да се зголеми ефикасноста на постапката, меѓутоа со истовремено зајакнување на правата и слободите и поголема еднаквост помеѓу странките. Воведени се нови мерки во поглед на зајакнувањето на улогата на одбраната, која уште за време на истрагата може да спроведува сопствени докази во корист на својот обвинет. Целиот систем на постапката ќе биде во текот на истрагата да се напушти улогата на истражниот судија, да се воведе судија на претходна постапка, што ќе се грижи за заштитата на човековите права и ќе врши контрола врз работата на обвинителот и правосудната полиција“, изјави Арнаудовска.Министерот за правда Михајло Маневски вели дека се создадени сите услови за примена на новиот ЗКП со темелни и обемни подготовки. „Секој учесник во спроведувањето на ЗКП мора да биде запознаен со своите овластувања“, вели Маневски.На отворањето на обуката беше присутен и шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје амбасадорот Ралф Брет, кој вели дека се уште има одредени предизвици во системот со кои треба да се соочиме, а тоа се неефикасните правни процедури и недостатокот на доверба во фер и независно судство. Новиот Закон за кривична постапка беше донесен минатата година, а неговата имплементација ќе започне во 2012 година. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

