Македонија
Робертсон: Срамота е што Македонија не доби покана за НАТО

Срамота е што Македонија не доби покана за членство во НАТО поради таинствена, неодбранлива и шокантна блокада од нејзин сосед член на Алијансата.
Срамота е што Македонија не доби покана за членство во НАТО поради таинствена, неодбранлива и шокантна блокада од нејзин сосед член на Алијансата.
Ова денеска на собир во Вашингтон по повод 60-годишнината од формирањето на Северноатлантската алијанса, го изјави поранешниот генерален секретар на НАТО Џорџ Робертсон.
Робертсон, како што јави Гласот на Америка на македонски јазик, смета дека со текот на времето Македонија, сепак, ќе стане дел од НАТО.
Тој предвидува зачленување и на Црна Гора, Косово, Молдавија, Србија, Украина, Грузија, па дури и на Шведска и Финска. Не прецизира временска рамка, но наведе оти тој процес може да биде комплетиран за 10 или 15 години.
Според Робертсон, НАТО ќе мора да се реформира во нов тим организација определена за колективна безбедност и за справување со новите закани во светот, а во тој контекст не гледа никаква смисла да се исклучи Русија. /крај/а1/мс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Фото) Директорот на БЈБ присуствуваше на вежбовни активности на САЕ Тигар, дел од заедничката обука со армискиот баталјон „Волци“ и специјалните сили на армијата на САД

Вчера и денеска на армискиот полигон „Криволак,“ како и во седиштето на командата на Специјалната антитеростичка единица – Тигар, директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев присуствуваше на изведувањето на вежбовните активности на припадниците на единицата чие што реализирање беше организирано во рамки на повеќенеделната заедничка обука во која, покрај припадници на САЕ – Тигар, учествуваа и припадници од Баталјонот за специјални сили „Волци“ при Армијата на Република Северна Македонија, како и припадници на специјалните сили на Армијата на САД, познати како „Зелени Беретки“.
„Горди сме на професионалноста на нашите елитни единици, кои рамо до рамо со партнерите од Армијата на САД разменуваат искуства и знаења. Ова е уште една потврда за нивото на доверба и соработка што го имаме со нашите стратешки сојузници.”, истакна директорот Јанев, потенцирајќи дека оваа заедничка обука всушност е дел од пошироката програма за меѓународна соработка и зајакнување на интероперабилноста на специјалните сили, организирана со поддршка на Амбасадата на САД во РСМакедонија и Канцеларијата за регионална безбедност.
Според Јанев, станува збор за активности кои не само што го зајакнуваат капацитетот на безбедносните сили, туку ја унапредуваат и стратешката поврзаност меѓу институциите на двете земји.
Инаку, следната ваква обука веќе е во фаза на подготовка и ќе се реализира во текот на август 2025 година. Обуката ќе биде насочена кон напредни техники на противтерористичко делување, со фокус на планирање и изведба на сложени операции во услови на реални безбедносни закани.
Како што нагласи директорот Јанев, Министертвото за внатрешни работи останува посветено на изградба на стабилен, безбеден и отпорен систем на јавна безбедност, со јасна визија за иднината и партнерскиот пристап кон глобалните безбедносни предизвици.
Македонија
Црвениот крст денеска исплати средства на 156 повредени од пожарот во Кочани

Во рамките на апелот на Црвениот крст на РСМ за поддршка на настраданите од катастрофалниот пожар во Кочани во периодот од 16.03.2025 до 16.06.2025, вкупно се собрани 153.931.166,00 денари. Црвениот крст на РСМ во неколку наврати изврши исплата на настрадани од пожарот во Кочани.
Со последниот денешен трансфер на 17.06.2025 година исплатени се средства на 156 лица, поделени во 5 категории, врз основа на направената проценка за степенот на повреди и прогнозата за нивното натамошно лекување, од страна на работната група на Министерството за здравство во вкупен износ од 39.750.000,00 денари.
Во престојните денови ќе се изврши трансфер на средства и на уште 11 лица за кои треба да се обезбедат потребни документи, односно изјави и согласност за користење на личните податоци, со оглед на тоа дека истите не се опфатени со досегашните исплати.
Вкупниот досегашен трансфер на средства на настраданите, заклучно со 17.06.2025 година изнесува 147.199.101,00 денари.
„Црвениот крст уште еднаш се заблагодарува на сите досегашни донатори што придонесоа и се уште придонесуваат за мобилизирање на хуманитарна поддршка за настраданите и нивните семејства. Остануваме и понатаму посветени во мобилизирањето на хуманитарна помош која ќе биде во функција на поддршка за настраданите од големиот пожар.
Црвениот крст продолжува со своите активности на терен со акцент на обезбедување на психолошка поддршка во обид да дадеме скромен придонес во надминување на последиците од катастрофалниот настан. Црвениот крст на РСМ наскоро отвара Регионален центар за ментално здравје и психо-социјална поддршка во градот Кочани кој со своите активности ќе ги покрива потребите на населението во источниот дел на Македонија“, се наведува во соопштението.
Македонија
СДС да престане да ја политизира трагедијата во Кочани, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„СДС мора да престане да ја политизира трагедијата во Кочани. За разлика од нивното владеење, каде што освен Влада, беа и судии и обвинители, сега тие се оставени да си ја вршат сопствената работа и не им се врши никаков политички притисок“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на СДСМ.
„Судиите и обвинителите коишто се занимаваат со овој несреќен случај, се истите тие кои СДС и ДУИ, во нивно време си ги бираа во своите штабови во Зајас и Муртино.
Истрагата е потполно неселективна и правдата ќе биде исполнета. Но, прашањето е зошто истите тие судии и обвинители, не се позанимаваат со тоа на каков начин Филипче го добил луксузниот џип од 130.000 евра, од фирма добитник на тендер во време на СДС и ДУИ?
Зошто ЈО молчи за сите сомнежи кои секојдневно ги пренесуваме преку соопштенија и прес-конференции? Зошто ЈО го штити Филипче на некој начин и не се отвора постапка против него? Дали има некаква друга причина која јавноста не ја знае и затоа тие молчат кога Филипче е во прашање?
За ист таков случај, ЈО отворило постапка за Пеце Мирчевски, меѓутоа кога потрчкото на Заев е во прашање, за него нема никаква постапка?
Правда мора да има. Затоа потребни се итни реформи во судството, затоа што не смее за едни да е мајка, а за други маќеа“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.