Македонија
Намален број на туристи во август
Бројот на туристите во август 2009 година, во однос на истиот месец лани, е намален за 5 проценти, а бројот на ноќевањата паднал за 7.6 насто
Бројот на туристите во август 2009 година, во однос на истиот месец лани, е намален за 5 проценти, а бројот на ноќевањата паднал за 7.6 насто.
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристи во август годинава изнесувал 110 837, а бројот на ноќевањата 648 542.
Бројот на домашните туристи во август годинава на годишно ниво е намален за 5.8 насто а на странските паднал за 2.7 проценти. Домашните туристи оствариле за 7,8 насто помалку ноќевања, а странските за 7,4 проценти помалку.
Во периодот јануари- август 2009 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е намален за 1.1 насто и тоа: кај домашните туристи има намалување за 6.1 насто, а кај странските има зголемување за 7.4 проценти.
Во периодот јануари-август 2009 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 6.2 насто и тоа: кај домашните туристи има намалување за 8.5 проценти, а кај странските има зголемување за 2.5 насто.
Бројот на странските туристи во август 2009 година, во однос на претходниот месец, е зголемен за 2.7 насто, а бројот на ноќевањата е зголемен за 11.5 проценти. /крај/со/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

