Македонија
Дали Фрчкоски ќе биде на дневен ред на седницата на Комисијата за лустрација?
Комисијата за верификација на фактите денеска во 11 часот ќе одржи седница, но ниту претседателот, ниту други членови на Комисијата не потврдаат дека на дневен ред ќе се најдат материјали во коишто поранешниот министер
Комисијата за верификација на фактите денеска во 11 часот ќе одржи седница, но ниту претседателот, ниту други членови на Комисијата не потврдуваат дека на дневен ред ќе се најдат материјали во коишто поранешниот министер за внатрешни работи, Љубомир Фрчкоски, како што пренесува Плусинфо, се товари дека бил наредбодател за следење на лица додека бил министер за внатрешни работи..
Претседателот на Комисијата, Томе Аџиев вели дека не знае од каде се овие информации кои излегоа во јавноста и не ги потврдува.
Како што пренесува сајтот, Фрчкоски бил наводен потписник на акти за оперативни обработки на поранешниот началник на битолската полиција Димитар Црномаров и писателот Миле Неделкоски, по пробугарска линија, на владиката Петар по просрпска линија и на извесно лице за албански екстремизам. Станува збор за периодот од 1992 до 1996 година, кога Фрчкоски беше министер за внатрешни работи.
Професорот за внатрешни работи, Љубомир Фрчкоски, беше министер за внатрешни и за надворешни работи, како и претседателски кандидат на СДСМ. /крај/мф/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Отворена нова подрачна канцеларија на Агенцијата за катастар во Општина Ново Село
Агенцијата за катастар на недвижности отвори нова подрачна канцеларија во Општина Ново Село.
Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски, денес заедно со градоначалникот на Општина Ново Село официјално ја отворија новата подрачна канцеларија на Агенцијата.
Со отворањето на оваа канцеларија, повеќе од 10.000 жители на Општина Ново Село и околните населени места од денес ќе можат побрзо и поедноставно да ги остварат своите катастарски права и обврски, без потреба од патување до Струмица.
Директорот на Агенцијата, Иван Живковски, при посетата на новата канцеларија истакна дека ова е дел од поширокиот процес на реорганизација и системско приближување на институцијата до граѓаните, со цел обезбедување подостапни, поефикасни и поквалитетни услуги.
Македонија
Утрешното судење за пожарот во „Пулс“ е одложено за 26 јануари
Судењето за пожарот во „Пулс“ што требаше да се одржи утре е одложено за 26 јануари, соопшти Кривичниот суд. Расправата за пожарот во Кочани се одлага по барање на една од адвокатките која е избрана за нов член на Судскиот совет.
„Главната расправа за предметот со К.бр. 1872/25 поврзана со пожарот во Дискотеката ‘Пулс’ во Кочани, насрочена за утре 14.01.2026 – та година, се одлага по барање на бранителот на еден од обвинетите, адвокат Сузана Јошевска Анастасовска“, соопшти Судот.
Барањето е од причина што во текот на вчерашниот ден, Јошевска Анастасовска е избрана за член на Судскиот совет на РСМ, па заради исполнување на правото за ангажирање нов бранител и негово запознавање со предметот, утрешната расправа се отповикува, а судењето продолжува на следниот, претходно утврден термин, на 26.01.2026 година во 09:30 часот во судницата во КПУ Идризово.
Од Судот информираат дека заради економичност во постапувањето, странките се веќе известени за отповиканата расправа.
Македонија
Бугарски државјанин протеран од земјава, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина
Полицијата уапси бугарски државјанин на Граничен премин Деве Баир, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина.
Според информациите на МВР, вчера во 13:30 часот на Граничен премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го приведоа Н.И.Л.(47) од Република Бугарија затоа што при гранични проверки и извршен преглед во содејство со царински службеници на патничко возило „хонда џез“ со бугарски национални ознаки, со кое допатувал, биле пронајдени и одземени метален боксирач и транспарент со навредлива содржина.
Од Основен суд Крива Паланка му била изречена парична глоба и санкција „протерување на странец од земјата“ во траење од една година.
На 13.01.2026 во 02:10 часот Н.И.Л. е спроведен во Граничниот премин Деве Баир и е предаден на бугарските погранични полициски служби.

