Свет
Нобелова награда за економија за Елинор Остром и Оливер Вилијамсон

Овогодишни добитници на Нобеловата награда за економија се Елинор Остром од Универзитетот Блумингтон во Индијана САД…
Овогодишни добитници на Нобеловата награда за економија се Елинор Остром од Универзитетот Блумингтон во Индијана САД и Оливер Вилијамсон од Универзитетот Беркли во Калифорнија. Остром ја добила наградата за нејзините анализи за економското владеење, особено за народот. Остром наградата ја добил исто за економското владеење, но со посебен осврт врз лимитите на компаниите. Оваа награда е востановена во 1969 година од страна на Sveriges Riksbank(Централната банка на Шведска). /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Израелски министер: Војната нема да заврши сè додека стотици илјади луѓе не ја напуштат Газа

Израелскиот министер за финансии, Безалел Смотрич, изјави денес дека Израел нема да ја заврши војната во Појасот Газа сè додека стотици илјади Палестинци не ја напуштат енклавата.
„Ќе ја завршиме оваа кампања кога Сирија ќе биде уништена, Хезболах ќе биде тешко поразен, Иран ќе биде лишен од својата нуклеарна закана, Газа ќе биде исчистена од Хамас и кога стотици илјади жители на Газа ќе избегаат во други земји, нашите заложници ќе бидат вратени, некои во своите домови, а некои во гробовите на Израел“, рече Смотрич за време на говорот во населбата Ели во централниот Западен Брег.
Тој изјави дека ова не се само цели на владата, туку и консензус на израелскиот народ и војниците. Смотрич апелираше до премиерот Бенјамин Нетанјаху да „направи сè за да ја зајакне безбедноста на Израел“ и го предупреди да не „ја пропушта оваа можност“.
Израелската војска го обнови нападот врз Газа на 18 март, прекршувајќи го договорот за прекин на огнот и размена на затвореници со палестинската милитантна група Хамас од 19 јануари.
Над 52.300 луѓе, претежно жени и деца, се убиени во Газа во израелската офанзива од октомври 2023 година, која започна по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година, во кој беа убиени 1.300 луѓе.
Европа
Фон дер Лајен: Светската трговија се врти кон Европа

Светската трговија се насочува кон Европа затоа што другите земји сакаат договори со ЕУ, изјави денес претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Претседателот на ЕК на митингот на Европската народна партија во Валенсија истакна дека Европската унија „веќе има најголема мрежа на договори за слободна трговија, 76 од нив“ со земји од целиот свет.
„Сега светската трговија се свртува кон нас“, смета фон дер Лајен, во време кога светот е загрозен од воведувањето на американските царини што ги објави американскиот претседател Доналд Трамп на почетокот на април.
„Сега соработуваме со Индија и Индонезија, Обединетите Арапски Емирати и Тајланд, Филипините и Малезија, со Пацификот. Сите тие сакаат договор со нас. Бидејќи ние сме фер, сигурни и играме според правилата“, нагласи таа. „Затоа, да останеме на тој пат, со ладна глава и обединети“, рече таа.
Фон дер Лајен изјави дека ЕУ мора паралелно да работи на зајакнување на својот единствен пазар преку елиминирање на непотребните национални бариери, борба против фрагментацијата и бирократијата.
Свет
(Видео) Џеј Ди Венс: Ако војната не престане, Украинците ќе изгубат

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс во поткаст зборуваше за неодамнешната средба на американскиот претседател Доналд Трамп со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Трамп и Зеленски се сретнаа во Ватикан за време на погребот на папата, нивна прва средба лице в лице откако Трамп се врати во Белата куќа и претходната средба во Овалната соба, на која присуствуваше и Венс.
Коментирајќи го моменталниот тек на преговорите за евентуален крај на војната во Украина, Венс истакна дека разговорите се во полн ек, но дека се тешки и неизвесни.
„Понекогаш сте фрустрирани од Украинците, понекогаш сте фрустрирани од Русите, тоа е природата на преговорите. Но, претседателот Трамп не ни дозволува да кренеме раце и да се откажеме. Тој нè принудува да се вратиме на масата за преговори и да најдеме решение“, рече Венс.
Според него, најголемиот напредок досега е фактот што и Русија и Украина отворено разговараат за условите под кои би го прекинале конфликтот, иако нивните барања сè уште значително се разликуваат.
Vance: Ukraine will not defeat Russia if the war drags on.
There’s a weird idea in the media that Russia will just collapse and Ukraine will take everything back. That’s not the reality we live in. 1/ pic.twitter.com/o5LEros6YW
— Tymofiy Mylovanov (@Mylovanov) April 29, 2025
„Токму тоа е работата на дипломатијата – да се обиде да ги зближи двете страни кои бараат различни работи. Не можам да гарантирам дека ќе успееме, но денес сум поголем оптимист отколку што бев пред две недели, а тогаш бев поголем оптимист отколку што бев пред два месеци“, рече Венс.
Потпретседателот истакна дека дипломатијата користи комбинација од притисок, награди и закани, но дека целта е јасна: „Да се запре војната што се заканува да се претвори во катастрофа од уште поголеми размери“.
Тој, исто така, предупреди за можните последици од продолжувањето на војната: „Ако ова не се запре, Украинците нема да победат, туку ќе изгубат. Медиумите создаваат илузија дека, ако војната продолжи, Русија едноставно ќе се распадне, а Украина ќе ги врати сите свои територии. Тоа не е реалност.“
Тој додаде дека војната би можела да предизвика „демографски колапс во обете земји“, милиони нови жртви и, во најлош случај, „ескалација во нуклеарен конфликт“.
„Мора да престане. Тоа е официјална политика на оваа администрација. Претседателот Трамп бара од сите нас, вклучително и мене лично, да работиме дење и ноќе на ова“, заклучи Венс.