Свет
Студот низ Европа однесе повеќе од 500 животи
Поларниот студ, обилните снежни врнежи и силниот ветер, кои ја зафатија Европа, ќе продолжат и викендов со несмален интензитет. Поларните студови во Европа, за десетина дена, однесоа повеќе од 500 животи.
Поларниот студ, обилните снежни врнежи и силниот ветер, кои ја зафатија Европа, ќе продолжат и викендов со несмален интензитет. Поларните студови во Европа, за десетина дена, однесоа повеќе од 500 животи. Во Украина, каде температурите за време на викендот би требало да се спуштат до минус 30 степени Целзиусови, властите без да наведат причина престанаа да известуваат за бројот на жртвите. Според податоците од вторникот, во Украина има најмногу починати од студот, 135 лица. Во Полска, каде температурите во последните два дена благо пораснаа, вкупниот број на починати изнесува 77. Поради ниските температури, од почетокот на февруари во Русија починале 110 лица, а руското министерство за здравство не наведува каде се забележани тие случаи, во европскиот или азискиот дел на земјата. Студот усмрти 23 лица во Летонија, 10 во Литванија, додека едно лице почина во Естонија. Бројот на починати во Чешка изнесува 25, а синоптичарите за време на викендот најавуваат екстремно ниски температури, кои на планините ќе се спуштат до минус 40 степени, а во Прага до минус 25 Целзиусови степени. Во Романија се избројани 44 починати, а во Бугарија 29. Бројката на починати во Србија изнесува 13, осум во Босна и Херцеговина, три во Хрватска, додека по едно лице починало во Црна Гора и Албанија. Во Унгарија од студот починале 16 лица, а најсиромашните како огрев користат банкноти. Имено, Централната банка ги рециклира своите истрошени банкноти, во брикети за греење, кои им ги дели на најсиромашните. Последните денови во Франција починале пет лица, додека во Италија има 34 починати. Во Грција и Австрија починале пет лица, четири во Германија, додека едно лице починало во Холандија. Студениот бран го погоди и северниот дел на Африка, особено Алжир, каде од студот починале 44 лица, метеоролозите предвидуваат дека студеното време во оваа земја ќе потрае до вторник. крај/х/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Земјотрес со јачина од 5,5 степени ја погоди Куба
Силен земјотрес со магнитуда од 5,5 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во близина на Куба, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Епицентарот на потресот бил во Карипското Море, на длабочина од 15 километри, на околу 82 километра од Гвантанамо и 45 километри од Баракоа.
Според досегашните информации, засега нема пријави за штети или повредени.
Свет
Канцеларијата на Далај Лама: Никогаш не сe сретнале со Џефри Епстин
Од канцеларијата на 14-тиот Далај Лама (Тенцин Ѓацо) денес соопштија дека духовниот водач никогаш не се сретнал со Џефри Епстин. Реакцијата следи откако кинески државни медиуми објавија дека неговото име се појавува во т.н. „Досиеја на Епстин“.
Американското министерство за правда објави милиони документи, а според прегледот на агенцијата АФП, името на Далај Лама се споменува 154 пати, но не постојат никакви докази или спомнување на лична средба со Епштајн.
CGTN, кинески државен медиум, објави дека во е-пошта од 2012 година се споменува присуство на Далај Лама на настан на еден од островите поврзани со Епстин, но од неговиот кабинет остро го демантираат тоа.
„Можеме недвосмислено да потврдиме дека Неговата светост никогаш не го запознал Џефри Епстин и никогаш не овластил никого да комуницира со него во негово име“, се наведува во соопштението.
Инаку, Далај Лама живее во егзил во северна Индија уште од 1959 година кога побегнал од Тибет по насилно задушеното востание од кинеските власти. Има милиони следбеници ширум светот.
Свет
Орбан: Украина е непријател додека бара ЕУ да ни ја укине руската енергија
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, ја обвини Украина дека ѝ наштетува на неговата земја во Брисел и ја нарече „непријател“
„Украинците мора да престанат постојано да бараат од Брисел да го прекине дотурот на евтина руска енергија за Унгарија“, изјави Орбан на говор во градот Самботел, западно од земјата.
„Сѐ додека Украина го прави тоа, таа е наш непријател“, додаде тој.
Парламентарните избори во Унгарија се закажани за 12 април.

