Свет
Најмалку 8 милитанти убиени во американски напад во Пакистан
Во вториот напад оваа седмица на американско беспилотно летало биле убиени најмалку осум милитанти во северозападен Пакистан, на границата so Авганистан, а во престрелки се убиени пет пакистански војници, потврдија воените власти
Пакистанските разузнавачи потврдиле дека американското летало истрелало два проектила во објект кој се сметал за скривалиште на талибаните во близина градот Мир Али во Северен Вазиристан. Според нивните информации, куќата била сосема уништена, а од уратините биle извлечени осум тела, додека други двајца милитанти биле ранети. Куќата во селото Шаквади била сопственост на двајца браќа, а разунавачите претходно дознале дека таа е често посетувана од талибаните и муслимански милитанти. Во претходен ракетен напад на беспилотно летало на САД пред изгрејсонце, во Шана Кувара исто во Северен Вазиристан биле убиени тројца талибански бунтовници, потврдиле пакистански официјали извори. Американските официјални претставници во Пакистан, како и при претходни случаи на вакви ракетни напади не даваат изјави, само потврдуваат дека многу од бунтовници кои бегаат од офанзивата на пакистанската армија се кријат и притајуваат во пакистанско-авганистанскиот пограничен регион.Петмина пакистански војници загинале во судирите доцна навечер во четвртокот во области од кои претходно се сметаше дека се избркани милитантите, потврдила армијата. Пакистанската влада јавно ги осудува ваквите напади од страна на воената авијација на САД како нарушување на нејзиниот суверенитет, но многу аналитичари сметаат дека двете држави имаат таен договор кој го овозможува ова, а ваквите изјави на Исламабад се за да се амортизира антиамериканското расположение кое постои кај добар дел од исламското население во Пакистан.Пакистанската армија ја започна својата офанзива против талибаните во Јужен Вазиристан во средината на октомври, северозападен планински паштунски регион на границата со Авганситан, каде се претпоставува дека има упоришта и тренинг-кампови за обука на талибаните и странски борци на Ал Каеда. Владата во Исламабад верува дека најголемиот дел од милитантите побегнале на север за да ги избегнат борбите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА
Свет
Мерц: Трамп ме увери дека американската војска ќе остане во Германија
Американскиот претседател Доналд Трамп потврдил дека САД планираат да ја задржат својата воена присутност во Германија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц по средбата со него во Белата куќа.
„Трамп уште еднаш ме увери дека САД имаат намера да ја задржат својата воена присутност во Германија“, изјави Мерц во Вашингтон, додавајќи дека тоа се добри вести.
Во последните месеци се шпекулираше дека, поради критичкиот став на Трамп кон Европа, би можело да дојде до повлекување на американските трупи од Германија.
Мерц рече дека со Трамп разговарале и за подобра организација на заедничкото одвраќање пред самитот на НАТО во Анкара во јули.
Тој додаде дека Трамп признал дека Германија презела водечка улога во зајакнувањето на европскиот столб на НАТО и дека САД го почитуваат германското вложување во војската.
Свет
Израел погодил станбена зграда во Либан, најмалку четворица загинати
Најмалку четири лица загинале, а шест се ранети во израелски напад врз четирикатна станбена зграда во источниот либански град Баалбек, јави либанската државна агенција ННА.
Спасувачките екипи работат на извлекување луѓе од под урнатините.
Нападот доаѓа по ескалацијата на борбите долж либанско-израелската граница, откако Хезболах испалил дронови и ракети кон Израел. Од тогаш групата продолжила со ракетни напади, а Израел извршил низа воздушни удари низ Либан и испратил војници на југот.
Хезболах соопштил дека неговите борци испалиле голем број ракети кон израелски сили во близина на градот Метулa, како одговор на израелските напади врз десетици либански градови.
Израелската војска во средата ги предупредила жителите на 16 села во Либан да се евакуираат.
Според либанското министерство за здравство, од почетокот на последната ескалација во израелските напади загинале најмалку 50 луѓе, а 335 се ранети.
Фото: ЕПА

