Свет
Претседателот на Колумбија има свински грип
Колумбискиот претседател Алваро Урибе е заразен со Х1Н1, вирусот на свинскиот грип, соопшти владиниот портпарол, јавува Ројтерс
Претседателот на Колумбија, Алваро Урибе работи од својот кабинет, но е под терапија за новиот грип А Х1Н1.„Тој работи по телефон и на интернет“, рекол за Ројтерс, портпаролот Цезар Веласкез. Популарниот конзервативен јужноамерикански претседател Урибе, присуствуваше на самит со другите лидери од регионот во петокот во Аргентина, кога добил симптоми на грип со треска, главоболки и болки во грбот. Двајцата лидери со кои се сретна претседателот Урибе на самитот биле известени за неговата состојба, вели портпаролот. Претседателот на Костарика, Оскар Ариас прв дознал дека Урибе е заразен од свински грип. Ариас, претходно овој месец имал средно тешка зараза со вирус од која се опоравил и се вратил на секојдневните задачи. Во Колумбија има регистрирано 621 случај на свински грип од кои 34 починаа, според министерството за социјална заштита. Вирусот Х1Н1 се рашири во април во Мексико и во САД. Светската здравствена организација прогласи пандемија во јуни и предупреди дека новиот грип може да зарази повеќе милиони лица.Претходно, кон средината на август, и претседателот на Костарика, Оскар Ариас, кој беше медијатор во разговорите меѓу соборениот претседател на Хондурас, Мануел Залеја и неговиот наследник Роберто Мичелети околу надминување на тензиите во таа држава, стана првиот претседател за кој е познато дека боледува од оваа болест.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Фото) 24-годишник застрелан пред зграда во Белград, се бори за живот. напаѓачот е во бегство
Во Белград е во тек голема полициска потрага откако 24-годишен маж беше застрелан на Канарево Брдо во неделата. Напаѓачот го пречекал пред зградата каде што живее, а тешко повредениот млад човек е во критична состојба и лекарите се борат за неговиот живот, пишува Телеграф.рс.
Според сведоците, напаѓачот носел перика и бил виден во близина на зградата еден ден пред пукањето. Го застрелал младиот човек во градите додека се приближувал кон својот автомобил, а потоа избегал. Тешко повредениот 24-годишник бил итно примен во болница каде што бил опериран, но неговата состојба останува критична.
Белградската полиција започна голема операција наречена „Вихор 3“ во потрага по сторителот. Според Телеграф, напаѓачот наводно од претходно ѝ е познат на полицијата поради принуда и нанесување полесни повреди.
Пукањето предизвикало паника во соседството, особено затоа што во времето на нападот имало многу деца надвор. Мотивот за нападот сè уште е непознат, а истрагата ја води Вишото јавно обвинителство во Белград.
фото: принтскрин
Свет
Поранешен командант на британската морнарица: Русија би изгубила од НАТО во војна од големи размери
Поранешниот командант на британската морнарица, лорд Алан Вест, денес предупреди дека рускиот напад врз Украина ризикува да се претвори во целосен конфликт со западниот одбранбен блок и дека Велика Британија веќе „всушност е во војна со Русија“.
„Доста е тешко да се види како некој ќе излезе од овој конфликт бидејќи не сакаме целосна војна меѓу НАТО и Русија. Русија би изгубила – а опасноста од нивна загуба е прашањето дали потоа би ја направиле таа глупава грешка со нуклеарното оружје“, рече тој, објавува Дејли меил.
Поранешниот генерален секретар на НАТО, лорд Џорџ Робертсон, кој се појави во истиот подкаст, силно предупреди дека Велика Британија не е доволно подготвена за конфликт.
Свет
Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава-Лублин е саботажа
Експлозија што претставува чин на саботажа ја уништи железничката пруга Варшава-Лублин во неделата, изјави денес полскиот премиер Доналд Туск.
„На линијата Варшава-Лублин (селото Мика) се случи чин на саботажа. Експлозијата на експлозивна направа ја уништи железницата“, напиша Туск на X, пренесува ПАП.
Во неделата наутро, машиновозачот пријавил неправилности на железничката инфраструктура во областа Жичина по телефон, а според полицијата во тој округ, прелиминарниот преглед на пругата открил оштетување на еден дел, кое било предизвикано од експлозија.
Фото: принтскрин

