Македонија
СДСМ: Ќе го сопреме урбаното лудило во скопски Центар
Како скандалозна од СДСМ ја оценија измената на Деталниот урбанистички план за „Мал Ринг“ во Општина Центар, со кој се предвидува изградба на 40-метарска административна зграда на Плоштадот „Македонија“.
Како скандалозна од СДСМ ја оценија измената на Деталниот урбанистички план за „Мал Ринг“ во Општина Центар, со кој се предвидува изградба на 40-метарска административна зграда на Плоштадот „Македонија“.
Од опозициската партија сметаат дека со ова се нагрдува центарот на Скопје и, како што велат, се проширува и надградува огромната пералница на пари “Скопје 2014“.
„Со ваквите крајно сомнителни постапки излегуваат на виделина лагите на премиерот Груевски. Тој тврдеше дека проектот ‘Скопје 2014’ ќе чини само 80 милиони евра. За жал, само досега се потрошени пет пати повеќе народни пари, а овој мегаломански проект е на добар пат да ги чини граѓаните повеќе од половина милијарда евра. Ќе се менува фасадата на владината зграда, ќе се градат панорамски тркала, ќе има врби во реката Вардар и уште кој знае што се друго ќе му текне на премиерот. Очигледно е дека за Груевски приоритет се личните и бизнис интереси на ‘фамилијата’. За него одамна веќе се второстепени проблемите со кои граѓаните се соочуваат секојдневно“, рече портпаролот на СДСМ, Емилијан Станковиќ.
„Со подршката на граѓаните на Центар, СДСМ после локалните избори ќе стори се’ за да го сопре ова урбано лудило“, рече Станковиќ на денешната прес-конференција. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

