Македонија
WKikiLeaks: Гордон – Македонија има разумни ставови за во спорот со Грција

Македонија има разумни ставови и образложенија за македонскиот јазик и за именувањето на државјанството, но треба да попушти за некои прашања како што е именувањето на аеродромот, наведува американскиoот помошник-државен скеретар за европски прашања Филип Гордон
Цитираниот документ што го прнесува фамозната итнернет страница WikiLeaks, потекнува од состанокот со високи претставници на ЕУ и на 27-те земји-членки во Стокхолм на 3 јули 2009 г., на кој се расправало за Западен Балкан, Гордон оценил дека за време на шведското претседателство со ЕУ Македонија може да добие релативно позитивен извештај за напредокот кон ЕУ, но, како што посочува, „без разлика дали е фер или нефер можеби ќе мора да направи компромис за прашањето за името за да напредува во процесот на евроинтеграција“.САД, вели американскиот дипломат, се уште го оставаат медијаторот Метју Нимиц да го води процесот за решавање на името, и укажува дека заменик-државниот секретар Џејмс Стејнберг разговарал со грчката страна.„Додека Македонците треба да попуштат за прашања како што се именувањето на аеродромот, тие имаат разумни ставови и образложенија за други прашања како што се јазикот и именувањето на државјанството. Потребно е двете страни да попуштат за одредени прашања“, рекол американскиот помошник државен секретар Филип Гордон, во наведената депеша.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја делови од скопски Карпош и Ѓорче Петров

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, соопшти дека дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска (петок ), без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 11:30 часот, корисниците од дел од улица Алжирска. (Општина Карпош)
· од 11:00 до 14:00 часот, дел корисниците од Новоселски Пат во околината на ОУ Тихомир Милошевски. (Општина Ѓорче Петров).
Македонија
Прекинато водоснабдување во дел од Гази Баба

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска ( петок ) поради водоводен приклучок од Ф -80мм на ул.30 Трубарево, прекинато водоснабдување ќе има за корисниците од нас.Трубарево од 09:00 часот до завршување на приклучокот (општина Гази Баба)
Македонија
Сончево и многу топло со температура до 40 степени, попладне краткотрајно невреме

Времето денеска, сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне и во вечерните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, грмежи и појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб ветер од северен правец. Попладне и во вечерните часови во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, краткотрајно во форма на невреме. Минималната температура ќе се спушти до 22, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Во деновите од викендот ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе предизвика опаѓање на дневните температури за 5-7 степени во споредба со денешните. Од понеделник дневните температури повторно ќе бидат во постепен пораст.