Македонија
Нови стандарди во давање гранични услуги
Процедурата за вадење на дозволи за увоз која траеше неколку недели ќе се скрати на неколку часа. Ова го истакна министерот за финансии Зоран Ставрески на пуштањето во употреба на трите нови објекти за ветеринарна и фито санитарна контрола на граничниот премин Табановце.
Процедурата за вадење на дозволи за увоз која траеше неколку недели ќе се скрати на неколку часа. Ова го истакна министерот за финансии Зоран Ставрески на пуштањето во употреба на трите нови објекти за ветеринарна и фито санитарна контрола на граничниот премин Табановце.„Со изградба на овие објекти создадени се најсовремени услови за работа на официјалните ветеринари, инспектори за храна и фито санитарни инспектори и квалитетно вршење на преглед на пратки со живи животни, храна и нус производи од животинско потекло и производи од растително потекло кои се увезуваат или транзитираат низ Македонија“, рече Ставревски. Со овие објекти значително ќе се зголеми контролата, бидејќи годишната фреквенција на граничниот премин Табановце е 220 илјади камиони од кои најголем број пратки се од животинско и растително потекло. Евроамбасадорот, Питер Соренсен истакна дека на овој начин ќе им се овозможи на инспекторите полесно да ја вршат својата работа. Објектите се финансирани со средства од Европската унија во висина од 1,3 милиони евра, а изградбата траеше 13 месеци. Наскоро се очекува отворање на уште два вакви објекти, а покрај овој исти вакви објекти се отворени на граничните премини Богородица и Меџитлија. крај/мт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на магистралниот пат Струмица – Дабиле
Од 04:20 часот сообраќајот на магистралниот пат Струмица – село Дабиле е нормализиран, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Министерката Јаневска ќе учествува на „Глобалниот конгрес за популација, здравје и човечки развој“ во Каиро
Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска од 12 до 15 ноември ќе учествува на „Глобален конгрес за популација, здравје и човечки развој“ што по трет пат се одржува во Каиро, под покровителство на Претседателот на Египет, Абдел Фатах Ел – Сиси.
Предвидено е учество на министерката Јаневска на повеќе панел дискусии посветени на човечкиот развој, развој и примена на иновации со фокус на вештачката интелигенција, а ќе биде и воведен говорник на сесија посветена на неформалното образование како концепт на доживотно учење.
За време на конгресот, Јаневска ќе оствари билатерална средба со египетскиот министер за високо образование и научни истражувања, Мохамед Ајман Ашур.
Македонија
Неколку улици во Скопје денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач ф-125мм на крстосницата Индира Ганди/Гвадалахара, прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици; Гвадалахара, Индира Ганди, Метохиска, Јован Хаџи Шишко и Гарсија Лорка, општина Шуто Оризари.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека денеска поради уличен дефект од ф 1” на улицата Прашка бр.50, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од улицата Прашка од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

