Свет
Германец заразил свињи со свињски грип

На фарма во западниот дел од Германија вирусот на новиот тип свински грип бил потврден кај свиња која се претпоставува дека е заразена од човек
Германското министерство за здравство ја потврдило информацијата, но апелирало дека нема место за паника, пренесуваат тамошните медиуми. Според германските здравствени власти, имајќи го предвид големиот број заразени лица, ваков случај бил очекуван и засега тој бил изолиран. Инаку, во Германија досега од свински грип се починати 61 лице. Фармата на која била откриена заразата кај свињата била затворена, за да не дојде до проширување на блеста меѓу животните. Според Светската здравствена органзиација, не постои опасност за ширење на овој грип преку конsумирање на прехранбени производи од свинско месо. Досега се забележани случаи новиот грип да биде потврден кај мачка во САД, каде има случaи и на заразување со вирусот A(H1N1) на свиња и американски твор, во Канада свиња истот така беше заразена од човек, а во Чиле заразени беа мисирки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Ирански генерал: Во текот на ноќта уништивме стратешки цели во Израел

Иран објави дека во текот на ноќта уништил стратешки цели во Израел со помош на беспилотни летала, пренесува агенцијата „Франс прес“.
„Различни видови деструктивни беспилотни летала, со можност за прецизно таргетирање, ги уништија стратешките позиции на ционистичкиот режим во Тел Авив и Хаифа“, изјави генерал Киумарс Хеидари, командант на иранските копнени сили.
Израелски воен претставник изјави дека околу 20 проектили биле истрелани во последниот бран ирански напади, од кои повеќето биле пресретнати. Сепак, како што изјави за Би-Би-Си израелски воен претставник, некои проектили поминале низ противвоздушната одбрана и погодиле „отворени области“.
Свет
Иран најави нов напад со дронови

Иран предупреди дека бран беспилотни летала ќе го погоди Израел во наредните часови.
Висок воен командант најави дека нападите ќе се интензивираат.
Иран и синоќа изврши напад кој траеше четири часа. Овој напад беше комбиниран, со беспилотни летала и проектили на бројни цели во Израел, со што започна деветтиот бран ирански напади.
Свет
Русите тврдат дека синоќа уништиле 51 украински дрон

Руските единици за воздушна одбрана уништија 51 украинско беспилотно летало над регионот Белгород, соопшти вчера вечерта руското Министерство за одбрана.
Во последните недели и Русија и Украина користат напади со беспилотни летала на голем број прекугранични цели, па руските сили вчера вечерта извршија таков напад врз Киев и неговата поширока област. Лидерите на Киев досега објавија дека при нападот се повредени најмалку 11 лица, како и дека е уништена инфраструктурата.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека споменатото уништување на украински беспилотни летала се случило вчера, меѓу 20 и 23 часот.
Американскиот претседател Доналд Трамп уште еднаш се осврна на конфликтот меѓу Русија и Украина.
„Убеден сум дека може да се постигне договор со Москва во врска со крајот на конфликтот во Украина. Сè уште чекам да видам дали договорот ќе биде потпишан или не“, изјави американскиот претседател за новинарите.
Фото: илустрација