Македонија
Поставени уште два лава на мостот Гоце Делчев
Преостанатите две скулптури на лавови од вкупно четири, утринава беа поставени на северната страна на мостот Гоце Делчев
Лавовите се поставени на двете страни од мостот во стражарска положба. Изработени се во леарницата „Фернандо Маринели“ од Фиренца, од авторот Константин Јанев.„Изработени се од бронза, тешки се по 5,5 тони, а високи се 5 метри. Изработени се во бронза и поставени на армирано бетонски постаменти со релјефи од бронза, со висина од 3,5 метри“ – вели портпаролот на општина Центар, Јовица Ацковски. Двата лава чинат милион 180 илади евра и се дел од владиниот проект „Скопје 2014“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Грујевски и Бошковски добија највисоки казни за „Тврдина“, Гордана Јанкулоска е ослободена
Екс разузнавачот Горан Грујевски доби 14 и пол години затвор, а Никола Бошковски – 9 години и 10 месеци во случајот „Тврдина“.
Кривичниот суд денес ја објави пресудата, пришто двајцата бегалци од правдата кои не беа екстрадирани од Грција добија казни за злоупотреба на службената положба и фалсификување на исправа.
Казна од три години затвор доби Тони Јакимовски, додека поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, доби ослободителна пресуда. Валентина Симоновска доби условна казна од две години затвор.
„Тврдина“ беше дел од предметот на СЈО „Таргет-Тврдина“ По застарување на гонењето за Таргет“ за масовното прислушување пришто обвинет беше екс шефот на УБК, Сашо Мијалов, судењето продолжи за петмината обвинети.
Македонија
Постаро лице заглавено во својот дом во Кочани поради снегот, спасувачките екипи се координираат
Спасувачките екипи се координираат за извлекување постаро лице, кое е заглавено во својот дом од снежните наноси во селото Полаки, Кочанско.
Од ЦУК известуваат дека стапиле во контакт со екипите на ЛС Кочани, Црвениот крст, противпожарната бригата и Дирекцијата за заштита и спасување во градот.
Стапено е во контакт и со братот на заглавеното лице.
„Командирот на ТППЕ Кочани има стапено во контакт со братот на лицето што се наоѓа во с. Полаки за негова евакуација од страна на ТППЕ Кочани. Тој ја одбива понудената помош со барање да се почека до утре“, велат од ЦУК.
Истовремено, има ново барање да им се исчисти првин патот (концесионерот ги одржува само патиштата што се под асфалт, а не и споредните патишта што се до маалата, а што не се асфалтирани), па потоа тие да проценат дали ТППЕ има потреба да интервенира за нивна евентуална евакуација.
РЦУК Кочани и Секторот за операции и координација се во постојан контакт со ТППЕ Кочани.
Скопје
ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје реализира активности за расчистување на снегот во сите скопски општини
Вчера, ЈП Комунална хигиена-Скопје со максимална ангажираност на сите расположливи работници во три смени спроведуваше активности за рачно и машинско чистење на снегот и мразот на булеварите и поголемите улици во сите скопски општини, со цел да се овозможи безбедно движење на пешаците и одвивање на сообраќајот.
„Активности за расчистување на снегот и мразот беа реализирани и во централното градско подрачје, плоштадот и улицата Македонија, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, како и Старата чаршија. Екипите на Претпријатието го расчистуваа и реонот околу Градската болница, Државната болница, Владата и Собранието на РМ, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев“, и „Слобода“, како и сите пешачки мостови. ЈП Комунална хигиена-Скопје ќе продолжи со активностите за расчистување на снегот и мразот и во текот на денешниот ден и претстојната ноќ“, соопштија од ЈП Комунална хигиена-Скопје.