Македонија
Ахмети: Немам стратегиски партнер
Јас немам стратегиски партнер и не преферирам некого конкретно. Јас ќе ја почитувам волјата на мнозинството на македонскиот народ, бидејќи ова е реалноста во Македонија, вели лидерот на ДУИ Али Ахмети во интервју за Радио Слободна Европа.
Јас немам стратегиски партнер и не преферирам некого конкретно. Јас ќе ја почитувам волјата на мнозинството на македонскиот народ, бидејќи ова е реалноста во Македонија, вели лидерот на ДУИ Али Ахмети во интервју за Радио Слободна Европа, одговарајќи на прашањето дали преферира коалиција со ВМРО-ДПМНЕ или со СДСМ.
„Ние сме организирани политички по етничка основа и електоратот гласа по етничка линија и нам ни останува да ја испочитуваме волјата на македонскиот народ. Во 2006 година изјавив дека ВМРО-ДПМНЕ не го направи вистинскиот потег, не донесе правилна одлука и погреши што за партнер во владата ја избра ДПА на господинот Тачи, која немаше легитимитет и ја немаше поддршката на албанскиот народ. Тоа решение се покажа погрешно од страна на господинот Груевски со тоа што земјата беше принудена да оди на предвремени избори по 15 месеци. Јас мислам дека такви грешки не треба да ни се повторуваат и токму ова е тоа што сум го кажал тогаш и го истакнувам и сега“, посочува Ахмети.
За барањата на опозициските партии да се редефинира Рамковниот договор или да се замени со друг политички договор, Ахмети вели дека тоа е премногу ризична и лоша игра.
„Охридскиот рамковен договор оваа година одбележува 10 години и токму заради ова, сите политички партии треба да се концентрираат да се направи една суштинска и реална експертиза, за тоа што е направено, што е исполнето од овој договор и што останува неисполнето, со тоа што сите ние ќе ја преземеме одговорноста за целосна имплементација на овој договор. Дел од постигнувањата се документите за лична идентификација кои се издаваат на двата јазика, употребата на албанскиот јазик во Собранието, каде што секој документ, закон, амандман, се носи и на албански јазик. Иако овој закон не ги исполнува сите барања и потреби на Албанците и не е тоа што го претставува духот на Охридскиот договор, останува, со текот на времето, ова да се доизгради“, истакнува Ахмети.
Околу прашањето за името Ахмети смета дека тоа е многу значајно бидејќи се поврзува со интеграцијата на Македонија во НАТО, а интеграцијата на Македонија во НАТО, како што вели, значи стабилност и сигурност за сите граѓани во Македонија, како за Албанците, така и за Македонците.
„Нашата понуда е јасна, преговорите мора да продолжат, компромис мора да се најде, сите страни треба да ги смират страстите, што е можно повеќе да ги заобиколуваат провокациите. Тоа значи дека сите ние треба сериозно да сфатиме дека ова прашање бездруго треба да се реши и земјата да се нареди до државите членки на НАТО и на ЕУ, со што ќе се обезбеди стабилност на земјата и подобра иднина на граѓаните на РМ“, изјави Ахмети во интервјуто за Радио Слободна Европа./крај/рсе/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енегија на корисниците од градот Скопје и неговата околина:
· од 06:00 – 10:00 часот, корисниците од ул. Пајак и ул. Наум Наумовски Борче. (Општина Центар)
· од 08:00 – 12:00 часот, дел од корисниците од ул.Пејо Јаворов (општина Кисела Вода)
· од 09:00-11:00 часот корисниците од улиците со бр. 406 и бр, 408 во с. Марино. (Општина Илинден)
· од 09:00-15:00 часот корисниците од улица со бр. 101 во нас. Волково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 09:00-15:00 часот корисниците од улиците Индира Ганди, Брсјачка Буна, Овчеполска, Пелагонија, Демирхисарска, Сландол, Хаџи Јован Шишков,Злетовска, Тиквешка и ул.Нов Живот. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Претежно облачно, попладне и кон крајот на денот повремен дожд
Променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.
Во Скопје, претежно облачно, попладне и кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер што ќе услови до недела релативно високи температури. Од недела попладне ќе започне да дува северен ветер и температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
Магла на неколку патни правци, слаб снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Слаби врнежи од снег на Попова Шапка без задржување на коловоз. Намалена видливост поради појава на магла има на планинските премини Плетвар до 100 метри, Стража до 80 метри и кај Крушево до 30 метри, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

