Свет
Двајца загинати во вооружен напад во Орландо
Две лица се убиени, а шест ранети при престрелка во петок во деловен центар во Орландо, САД.Тела биле пронајдени на 12. и осмиот кат на Legions Place, во објектот со 16 ката.Напаѓачот сè уште не е пронајден, а полицајците проверуваат кат по кат.
Две лица се убиени, а шест ранети при престрелка во петок во деловен центар во Орландо, САД. Тела биле пронајдени на 12. и осмиот кат на Legions Place, во објектот со 16 ката. Како што соопшти полицијата, напаѓачот сè уште не е пронајден, а полицајците проверуваат кат по кат. Дел од вработените уште се во зградата, заклучени во своите канцеларии. Тие примаат малку информации за тоа каде е безбедно да се засолнат и кога е безбедно да ја напуштат зградата. Полицијата трага по лице во син џинс и сина маица. Сообраќајот во овој дел на Орландо е целосно пренасочен. Сведок за медиумите соопшти дека човек што претходно работел во зградата влегол внатре и отворил оган. Засега нема други детали за настанот, а полициските тимови се обидуваат да го локализираат напаѓачот. /крај/лат/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Според Хамас прекинот на огнот и договорот за заложниците е клучна пресвртница во борбата
Хамас објави дека постигнувањето на договор за прекин на огнот во Газа и за заложниците претставува клучна пресвртница во неговата борба против непријателот.
„Договорот за запирање на агресијата врз Газа е достигнување за нашиот народ, нашиот отпор, нашата нација и слободните луѓе во светот. Тоа означува клучна пресвртница во борбата против непријателот, на патот кон постигнување на целите на нашиот народ за ослободување и враќање, се вели во соопштението на Хамас, пренесено од „Си-ен-ен“.
Хамас им се заблагодари на посредниците кои вложија големи напори да го постигнат овој договор, особено Катар и Египет.
Свет
Семејствата на заложниците се задоволни од договорот за прекин на огнот, но стравуваат од можноста да не биде целосно имплементиран
Семејствата на израелските заложници со радост и олеснување ја дочекаа веста за договорот помеѓу Израел и Хамас со кој ќе се ослободат 33 лица кои се држат во заложништво во Газа.
„Сакаме да ја изразиме нашата длабока благодарност до новоизбраниот претседател Трамп, претседателот Бајден, двете администрации и меѓународните посредници што го овозможија тоа“, се вели во соопштението на Форумот за заложници и исчезнати семејства.
„Од ноември 2023 година, со нетрпение го очекуваме овој момент, а сега, по повеќе од 460 дена од држењето на членовите на нашето семејство во тунелите на Хамас, ние сме поблиску од кога било до повторното обединување со нашите најблиски“.
„Ова е значаен чекор напред што нè приближува до враќањето на сите заложници – живите за да заздрават и починатите за достоинствено да бидат погребни. Сепак, длабока вознемиреност и загриженост нè придружуваат во врска со можноста договорот да не биде целосно имплементиран, оставајќи уште заробени заложници. Итно повикуваме на брзи подготовки за да се обезбеди спроведување на сите фази од договорот“, се вели во соопштението.
„Нема да се одмориме додека не го видиме последниот заложник дома“, се додава.
Договорот за прекин на огнот вклучува три фази, од кои во првата се очекува да бидат ослободени 33 израелски заложници. Претседателот на САД, Џо Бајден, изјави дека во следните месеци додека се спроведува првата фаза од договорот, ќе се преговара за втората која би можела да значи ставање целосен крај на војната и ослободување на останатите лица, како и пренесување на смртните останки, во третата фаза, на оние кои го загубија животот во заложништво додека траеа борбите во Газа.
Првата фаза од договорот ќе трае 42 дена.
Свет
Египетскиот претседател го поздрави прекинот на огнот и договорот за заложниците
Египетскиот претседател Абдел Фатах ел-Сиси го поздрави договорот за прекин на огнот и ослободување на заложници што неговата земја го помогна заедно со посредство на Катар и Соединетите држави.
Тој ја истакна потребата да се забрза непречената испорака на хуманитарна помош во Газа „додека не се постигне одржлив мир преку решението за две држави и регионот да ужива стабилност, безбедност и развој во свет кој е доволно голем за секого“, пренесе „Си-ен-ен“.
Договорот кој е во три фази ќе стартува в недела, на 19 јануари, соопшти претходно катарскиот премиер.
Првата фаза од договорот ќе вклучува ослободување на 33 израелски затвореници, вклучувајќи жени, деца, постари лица и цивили кои се ранети или болни. За возврат, Израел ќе ослободи одреден број затвореници кои се чуваат во израелските затвори.
Фазата ќе вклучува враќање на раселените лица во нивните домови и ќе овозможи патување на ранетите и болните лица за да добијат медицинска помош.
Првата фаза ќе обезбеди и зголемен пристап до хуманитарна и друга помош до сите делови на Појасот Газа, како и реконструкција на болници, здравствени центри и пекари. Исто така, ќе се овозможи влез на гориво, опрема за цивилна заштита и основни потреби за раселените лица кои ги загубија своите домови за време на војната.
Претседателот на САД, Џо Бајден, пак, соопшти дека преговорите ќе одат подалеку од привремениот прекин на огнот до втората фаза од договорот што може да вклучи траен крај на војната.
„Во текот на следните шест недели, Израел ќе преговара за втората фаза, што е траен крај на војната. Дозволете ми да повторам: крај на војната“, рече Бајден.
„Постојат голем број детали за преговарање, за преминување од првата фаза во втората фаза. Но според планот ако преговорите траат подолго од шест недели, прекинот на огнот ќе продолжи се додека траат преговорите“, додаде тој.
Бајден, исто така, потврди дека Американците ќе бидат дел од ослободувањето на заложници во првата фаза.
Во потенцијалната трета фаза од договорот, телата на убиените заложници ќе бидат вратени на нивните семејства и ќе започне голем план за реконструкција на Газа, рече Бајден.