Свет
Најмалку 8 пакистански војници убиени на контролен пункт
Повеќе од 100 милитанти нападнаа безбедносен пункт на пакистанската армија во северозападниот дел од земјата, при што загинаа најмалку осум војници, пренесува BBC повикувајќи се на локалните власти.
Повеќе од 100 милитанти нападнаа безбедносен пункт на пакистанската армија во северозападниот дел од земјата, при што загинаа најмалку осум војници, пренесува BBC повикувајќи се на локалните власти. Притоа, пакистанските власти соопштија дека најмалку 12 бунтовници се убиени во текот на ноќта во престрелка која траела неколку часа. Нападот се случил во близина на градот Макеен во племенската паштунска област Јужен Вазиристан, во близина на авганистанската граница. Локални официјални лица изјавија дека милитантите вооружени со ракетни фрлачи и тешко вооружување го нападнале контролниот пункт малку по полноќ во ноќта кон четврток. Пакистанските безбедносни сили одговориле на нападот а борбата траела до 3 часот изутринава. Според некои извештаи, најверојатно одговорноста за овој напад паѓа врз пакистанските талибани Во оваа област инаку последните денови е забележано зголемување на акциите што ги изведуваат САД со беспилотни летала. Пред пет дена, претставници на пакистанското разузнавање и претставници на САД, рекоа дека во сличен ракетен напад изведен од американско беспилотно летало е убиен еден од челниците на Ал Каеда во Пакистан, Илјаз Кашмири.Се верува дека најголемиот дел од бунтовниците се засолнети во полуавтономните племенски региони на Северен и Јужен Вазиристан. Во извештаите на разузнавачките служби на САД, овој регион се опишува како едно од „најопасните места на планетата“.Исто така, како што јавува дописникот на BBC, забележително е зголемувањето на тензијата низ целиот пограничен регион, бидејќи расте чувството дека Пакистан се подготвува набрзо да преземе ограничена офанзива во Северен Вазиристан. Исламистичките милитанти во Пакистан ветија дека ќе се одмаздат за ликвидацијата на Илјаз Кашмири, како и за убиството на Ал Каеда, Осама бин Ладен, кој беше убиен од страна на американските сили во неговата утврдена куќа во градот Аботабад, северно од Исламабад, на 2 мај./крај.ббц/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Остар пад на цената на златото
Цените на златото и среброто денес забележаа остар пад, по период на силен раст што ги донесе скапоцените метали на рекордни нивоа. Златото падна под 5.300 долари за унца, додека среброто потона од рекорднаta вредност од над 80 долари. Ова е сигнал дека порастот на цените влегол во она што аналитичарите го предупредуваат како „опасна фаза“.
Пресвртот на пазарот ги натера инвеститорите да бидат претпазливи по месеци раст поттикнат од побарувачката од Кина, купувањата од централните банки и геополитичките тензии, пишува Yahoo Finance.
Аналитичарите велат дека корекцијата била очекувана со оглед на брзината и силата на претходниот раст.
„Има сè помалку простор за понатамошен раст на цените на златото и среброто по неодамнешните рекорди“, рече Карстен Фрич, аналитичар во Комерцбанк. „Јасно е дека инвеститорите сè повеќе профитираат, а целиот раст е на стаклени нозе“, додаде тој.
Рајан Мекеј, виш стратег за стоки во TD Securities, се согласува, велејќи дека растот на цените е „одвоен од фундаменталните фактори“. Според неговите зборови, „корекцијата е одамна задоцнета“. Мекеј, исто така, забележува дека физичката побарувачка од Кина и Индија, клучни двигатели на растот, сега „слабее“ поради исклучително високите цени.
Свет
Трамп: Му реков на Путин да престане да ги напаѓа Киев и другите градови, тој се согласи
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека неговиот руски колега, Владимир Путин, се согласил со неговото барање да не ги напаѓа Киев и другите украински градови и места една недела.
„Јас лично го замолив претседателот Путин да не ги напаѓа Киев и другите градови и места една недела“, рече Трамп на брифинг за медиумите, нагласувајќи дека Украина се соочува со екстремно ниски температури.
„И тој се согласи. Морам да ви кажам, тоа беше многу убаво.“
Претседателот на САД не разјасни кога или на кој начин му го упатил ова барање на Путин, ниту на кој датум треба да стапи на сила наводното примирје. Коментарите на Трамп, исто така, следеа по шпекулациите дека Киев и Москва се согласиле на пауза во нападите врз енергетската инфраструктура на другата страна, иако ниту една страна не ги потврди тврдењата ниту ја коментираше изјавата на Трамп.
Во меѓувреме, украинските воздухопловни сили објавија дека московските сили лансирале повеќе од 100 дронови во Украина преку ноќ, при што биле регистрирани 18 погодоци во различни области.
фото/Depositphotos
Свет
Мерц: Почнуваме да разговараме за европски нуклеарен чадор со сојузниците
Европските земји почнуваат да разговараат за идејата за заеднички нуклеарен чадор што би ги надополнил постојните безбедносни договори со Соединетите Американски Држави, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц, во услови на зголемени дискусии во Германија за развој на сопствена нуклеарна одбрана.
Зборувајќи во време кога американскиот претседател Трамп ги доведува во прашање традиционалните сојузи, Мерц рече дека разговорите се само во почетна фаза и дека сè уште нема одлука на повидок.
„Знаеме дека треба да донесеме голем број стратешки и воено-политички одлуки, но сега не е време“, им рече тој на новинарите.
На Германија ѝ е забрането да развива сопствено нуклеарно оружје според таканаречениот договор „Четири плус два“, кој го отвори патот за повторно обединување на земјата во 1990 година и според Договорот за неширење на нуклеарно оружје што Германија го потпиша во 1969 година.
Мерц рече дека договорните обврски на Германија не ја спречуваат да разговара за заеднички решенија со партнери, вклучувајќи ги Велика Британија и Франција, единствените европски сили со нуклеарни арсенали.
„Овие дискусии се во тек. Тие исто така не се во спротивност со заедничкото нуклеарно одвраќање со Соединетите Американски Држави“, рече тој.

