Македонија
Осман Кадриу – нов в.д. претседател на Хелсиншки комитет
Професорот – доктор по правни науки, Осман Кадриу е избран за нов в. д. претседател на Хелсиншкиот комитет, соопштија денеска од оваа организација. Новиот в.д. претседател, на денешната прес конференција рече дека во последно време особено се забележливи сериозни повреди на човековите права во судските постапки, кои се манифестираат преку спектакуларни апсења и приведувања без потреба.„Во законот е наведено кога може едно физичко лице да биде притворено и на кој начин и во каква постапка. Потоа имаме и повреди на едно важно уставно начело, а тоа е начелото на презумција на невиност. Ниту едно лице надвор од судот, не може да дава квалификација за конкретни кривични дела за кои се сомнева дека одредено лице е сторител на тие дела“, рече Кадриу.Toj порача дека сè до моментот кога ќе има правосилна судска одлука, секој човек е невин и не може да се смета за криминалец, односно за него не може да се даваат никакви квалификации за сторени кривични дела. Кадриу, кој говореше за други кршења на човековите права, како и за контроверзниот закон за анти дискриминација, рече дека ако треба да даде оцена за состојбата со човековите права во Македонија од 1 до 5, тогаш таа оцена би била двојка. Хелсиншкиот комитет е формиран 1994 година, а од тогаш досега ова е четврт претседател на Комитетот. Првиот претседател Мето Јовановски беше два мандати на чело на оваа организација, потоа Мирјана Најчевска имаше исто така два мандати и Исо Руси кој го води Хелсиншки еден мандат./крај/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.
Македонија
Состојба по обилните врнежи во Македонија: пресек на ЦУК до 12:30 часот
Центарот за управување со криви направи пресек на состојбата по обилните врнежи до 12:30 часот.
Скопски регион
– На подрачјето Скопје не се евидентирани нарушувања на редовната состојба. Во моментов нема врнежи од дожд или снег и состојбата е стабилна.
Тетовски регион
– Состојбата во Тетово и околината е стабилна, без нарушувања во редовното функционирање. Сите патни правци се проодни, а коловозите се претежно влажни.
– ЈП „Македонија пат“ редовно го одржува патниот правец Тетово – Попова Шапка.
– Во врска со појавениот одрон на патниот правец Гостивар – Маврово, кај каменоломот, надлежните служби се известени и најавено е ангажирање екипа за расчистување и нормализирање на сообраќајот.
Струмички регион
– На територијата на Струмица нема пријави за настанати штети. Во моментов нема активни врнежи и не постои опасност од излевање на реките. Не се евидентирани одрони или непроодни патни правци.
Велешки регион
– На подрачјето на Велес состојбата е стабилна, без нарушувања, и во моментов нема врнежи од дожд или снег.
Кумановски регион
– На територијата на општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане нема излевање на реките, а водостоите се во опаѓање.
– Сите патни правци се проодни и чисти. Патниот правец од с. Пелинце до Граничен премин Пелинце беше подмрзнат, но по интервенција од ЈП „Македонија пат“ истиот е целосно расчистен.
– Во Крива Паланка, Кратово и Страцин сите главни патни правци се проодни, со тековни интервенции за расчистување на одрони и снег на одредени локални делници.
Штипски регион
– На подрачјето на Штип во моментов нема врнежи, а состојбата е стабилна.
Охридско-струшки и западен регион
– Во Охрид, реката Сушица е ставена под контрола со изградба на заштитен насип. Сепак, на повеќе локации се уште има поплавени подрумски простории и дворови.
– Во Струшко, во селата Мислешево и Калишта има поплавени дворови, а состојбата се следи од надлежните служби.
– Во Дебар, реката Радика има зголемен водостој, но без опасност од излевање. Патните правци се проодни, со појава на помали одрони кои редовно се расчистуваат.
– Во Кичево, водостоите на Зајашка река и реката Треска се намалени и нема опасност од нови поплави. Во тек е состанок на Општинскиот кризен штаб за натамошни активности.
Битолско-пелагониски регион
– Во Демир Хисар, поради оштетување на мост на Боишка река, локалниот пат за с. Мренога е затворен за сообраќај.
Реките се вратени во коритата, освен река Црна во атарот на селата Жван и Единаковци, каде се уште има излевање и поплавени земјоделски површини.
– Во Битола, состојбата е нормализирана, а водата постепено се повлекува од зафатените површини. Нивото на река Црна кај Новаци изнесува 320 см.
– Во Ресен, поплавените земјоделски површини се во фаза на повлекување на водата, а во тек се интервенции за расчистување на коритото на Голема Река.

