Македонија
Наполитано упати сочувство по повод смртта на Глигоров
Италијанскиот претседател Џорџо Наполитано денеска до својот македонски колега Ѓорге Иванов упати телеграма со сочувство по повод смртта на првиот Претседател на независна Македонија Киро Глигоров.
Италијанскиот претседател Џорџо Наполитано денеска до својот македонски колега Ѓорге Иванов упати телеграма со сочувство по повод смртта на првиот Претседател на независна Македонија Киро Глигоров.„Со силна болка ја примив веста за големата жалоста која ја погоди Република Македонија со смртта на првиот претседател, Киро Глигоров“, стои во телеграмата.„Во духот на големото и искрено пријателство кое ги поврзува нашите две земји и во сеќавање на заложбата на Киро Глигоров како прв Претседател на независна Македонија, која успеа да ја одржи далеку од ужасното насилство кое се разви во поранешна Југославија, ве молам да ги примите, во мое лично име и во име на целиот италијански народ, изразите на најискрено сочувство“, истакнува Наполитано. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, во вечерните часови повремен дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта во северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови од утре во вечерните часови до понеделник следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни и во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²).

