Македонија
Земјоделците обединето да настапуваат за надминување на проблемите
Земјоделците во 2010 година треба заеднички и организирано да настапуваат во процесот на решавање на проблемите, велат од Федерацијата на Фармери на Република Македонија.„Она што треба да направиме во 2010 година е заеднички и организиран настап на земјоделците во процесот на
Земјоделците во 2010 година треба заеднички и организирано да настапуваат во процесот на решавање на проблемите, велат од Федерацијата на Фармери на Република Македонија.„Она што треба да направиме во 2010 година е заеднички и организиран настап на земјоделците во процесот на решавање на проблемите, активно учество во креирањето на земјоделската политика, подобра информираност и едуцираност. Во 2010 ФФРМ ќе започне со кампања со цел да се остварат интензивни средби со фармерите за заеднички, организирани активности и дејствувања, со цел развој на земјоделското производство“, вели Ѓоко Данаилов, претседател на ФФРМ.Од ФФРМ информираат дека настојуваат преку едукација, институциите да им ги доближат до земјоделците, да ги мотивираат младите и жените-фармери за активно учество во земјоделската политика. Според Федерацијата, „се додека производтвото не ја добие својата вистинска вредност и стандард, европските пари ќе бидат илузија, а субвенциите милостина“. ФФРМ во јануари минатата година во Брисел отвори канцеларија од каде добива директни информации околу европската земјоделска политика. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Министерката Јаневска ќе учествува на „Глобалниот конгрес за популација, здравје и човечки развој“ во Каиро
Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска од 12 до 15 ноември ќе учествува на „Глобален конгрес за популација, здравје и човечки развој“ што по трет пат се одржува во Каиро, под покровителство на Претседателот на Египет, Абдел Фатах Ел – Сиси.
Предвидено е учество на министерката Јаневска на повеќе панел дискусии посветени на човечкиот развој, развој и примена на иновации со фокус на вештачката интелигенција, а ќе биде и воведен говорник на сесија посветена на неформалното образование како концепт на доживотно учење.
За време на конгресот, Јаневска ќе оствари билатерална средба со египетскиот министер за високо образование и научни истражувања, Мохамед Ајман Ашур.
Македонија
Неколку улици во Скопје денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач ф-125мм на крстосницата Индира Ганди/Гвадалахара, прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици; Гвадалахара, Индира Ганди, Метохиска, Јован Хаџи Шишко и Гарсија Лорка, општина Шуто Оризари.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека денеска поради уличен дефект од ф 1” на улицата Прашка бр.50, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од улицата Прашка од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.
Македонија
Претпладне услови за магла, преку денот сончево со умерена локална облачност
Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината со услови за појава на магла. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со постудени утра. Во текот на денот ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла.

