Македонија
Тупурковски ќе стане борец за независност на судството
Судската пресуда, за Васил Тупурковски, со која е обвинет за злоупотреба на службената должност, е одмазда и консекуција
„Апсолутно е неточно дека сум делел кредити, бидејќи јас сум немал законска можност за тоа“, рече Тупурковски на денешната прес-конференција, при што нагласи дека судењето има политички карактер.Според Тупурковски, во целиот процес занемарени се клучните докази што тој ги изнесол пред судот. „Од друга страна, обвинителката Вилма Рускоска, 14 месеци, колку што траеше обвинението, не кажа ниту еден единствен збор, бидејќи таа однапред ја знаеше пресудата“, рече Тупурковски.Пресудата не е правосилна и е донесена со надгласување од два спрема еден.
„Од 18 до 19 часот, од кога ќе ја добијам пресудата, ќе ставам масичка на плоштад и ќе разговарам со сите што се заинтересирани за случајот. Ќе повикам странски вештаци и ќе отворам интернет-сајт каде ќе бидат сите документи од јавен карактер за да можат што повеќе лица да се информираат. Мене не ми е јасно, како во 2009 година, во Македонија, се уште функционираат инквизиторски методи“, вели Тупурковски.Без разлика дали сака или не, ваквата пресуда го тера Тупурковски да се претвори во борец за независноста на македонското судство. „Ќе ја известам домашната и меѓународната јавност за натамошниот тек на процесот“, рече денеска Васил Тупурковски, објавувајќи ја својата вистина за „тајванската милијарда“. Васил Тупурковски во понеделникот беше осуден на три години затвор за злоупотреба на службената должност при делењето на кредитите од Тајван, како директор на Агенцијата за обнова и развој во 1999 година, во владата на Љубчо Георгиевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Укината забраната за камиони на патот Дебар – Маврово
Се укинува забраната за движење на тешки моторни на патниот правец Дебар – Маврово, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози.
Од 15.11.2024 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Забрана за камиони на патот Крива Паланка – Деве Баир
Забрана за движење на тешки товарни которни возила 19,45 часот на патниот правец Крива Паланка – Деве Баир и обратно, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози.
Од 15.11.2024 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Службите од прв момент се на терен и ги чистат патиштата, СДС да се грижеа, немаше институциите да ги остават во девастирана состојба, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Според ВМРО-ДПМНЕ, неспособните СДС добро е што прогледуваат и што самите констатираат дека државата и институциите ги оставија во лоша состојба.
Појаснуваат дека од прв момент на снежни врнежи, службите се на терен и ги чистат патиштата низ државата.
„Нема непрооден пат, дури ни на највисоките планински превои. Патиштата се чистат од снегот и се фрла сол и песок.ВМРО-ДПМНЕ работи на сите полиња и ја средува државата од пустошот кој го остави СДС за време на седум годишното владеење.
ВМРО-ДПМНЕ посветено работи за да обезбеди подобар живот за сите во Македонија и тоа е препознаено од граѓаните. Граѓаните препознаваат и за тоа зборува предноста и довербата од 5 спрема 1 во корист на ВМРО-ДПМНЕ.
СДС кои на последните избори добија црвен картон, а со последните анкети се губат од политичкиот од политичката мапа во државата, немаат никаков кредибилитет да зборуваат за функционирање на институциите“, се истакнува во соопштението.
До некаде, како што велат, добро е што СДС прогледа и што индиректно потврдуваат во каква состојба ВМРО-ДПМНЕ од нив ја наследи државата, но време и да кажат дека тоа е поради нивната седумгодишна неспособност во практикувањето на власта, оставајќи ги институциите во девастирана состојба. И за тоа, нагласуваат од ВМРО_ДПМНЕ, треба јавно да излезат и да им се извинат на македонската јавност.