Свет
Црниот тефтер на лихварот не стигна до истражниот судија

Фамозните договори за заем на пари на убиениот Горан Митковски (32), лихвар од скопската населба Ѓорче Петров, чиј труп беше пронајден во багажник на автомобил паркиран кај хотелот “Александар палас” вчера не стигнаа до истражниот судија.
ИСТРАГА ЗА УБИСТВО
Фамозните договори за заем на пари на убиениот Горан Митковски (32), лихвар од скопската населба Ѓорче Петров, чиј труп беше пронајден во багажник на автомобил паркиран кај хотелот “Александар палас” вчера не стигнаа до истражниот судија. Таканаречениот црн должнички тефтер каде како должници се споменуваат познати скопски бизнисмени што должат и по 200.000 евра најверојатно ќе биде предаден в понеделник. Се очекува во наредната недела да даде исказ и сопругата на убиениот, која вчера не била во можност да биде испрашана пред истражен судија.
За убиството на Митковски беше осомничен Милан Делов (31) од Скопје, кој се наоѓа во триесетдневен притвор.
Доброупатени извори тврдат дека има многу сомнителни елементи во целиот случај. Тие тврдат дека маицата во која Митковски последен пат бил виден дента пред да биде убиен била различна од таа што тој ја носел на себе во моментот кога бил пронајден мртов во багажникот.
Според полициската истрага осомничениот убиството го извршил на 19 август годинава, кога и пријателите последен пат го виделе Митковски.
Според МВР, Митковски и должникот се сретнале на 19 август во неговата гаража на улицата Прашка, во скопската населба Тафталиџе. Во разговорот Митковски му пресметал висока камата за парите што ги должел и му се заканил. Тогаш Делов се изнервирал, го извадил пиштолот и испукал неколку куршуми во Митковски.
По убиството, убиецот го завиткал трупот во најлонска кеса и неколку дена го чувал во гаражата. Поради реата што се ширела од лешот, Делов со автомобилот “опел” заминал на паркингот на хотелот “Александар палас”, го паркирал и си заминал.
Неколку лица од обезбедувањето го открија телото на Митковски. (А.М.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски: Подготвен сум за трилатерален состанок

Претседателите на САД и Украина, Доналд Трамп и Володимир Зеленски, сè уште одговараат на прашањата на новинарите во Белата куќа.
„Ќе имаме состанок. Ако сè оди добро денес, ќе имаме трилатерален состанок и мислам дека постои разумна шанса тогаш да ја завршиме војната.“, рече Трамп.
Претседателот на САД, исто така се осврна на можна трилатерална средба меѓу него, Зеленски и Владимир Путин.
Тој додаде дека никогаш не може однапред да каже дали таа средба ќе значи крај на војната.
Зеленски рече дека е подготвен за трилатерален состанок и додаде дека би било многу добро да се одржи.
Свет
Tрамп на состанок со Зеленски: Украна ќе добие безбедносни гаранции

Претседателот на САД, Доналд Трамп за време на состанокот во Овалната соба со украинскиот претседател, Володимир Зеленски, рече дека Украина ќе добие некаков вид безбедносни гаранции, но не прецизираше дали тоа ги вклучува и американските сили.
Зборувајќи во Белата куќа, американскиот претседател изјави:
„Ќе има многу помош кога станува збор за безбедноста. Ќе има многу помош. Ќе биде добро. Тие се првата линија на одбрана затоа што се таму, но и ние ќе им помогнеме. Ќе бидеме вклучени кога ќе дојде вистинското време.“
На Трамп му беше поставено и прашањеѕп дали денешниот самит е „договор или ништо“.
„Не можам да го кажам тоа“, одговори Трамп.
„Никогаш не е крај на патот. Луѓе умираат и ние сакаме да го спречиме тоа. Затоа не би рекол дека е крај. Мислам дека сега имаме добра шанса.“
Трамп додаде дека верува оти и Владимир Путин сака крај на војната.
Слетете ВО ЖИВО.
Свет
(Во живо) Eвропските лидери стигнаа во Вашингтон, почнува средбата меѓу Трамп и Зеленски

Претседателите на Украина и САД, Володимир Зеленски и Доналд Трамп повторно се сретнаa лице в лице во Вашингтон.
Тоа e нивна четврта средба во живо оваа година, и секоја од нив досега беше посебна на свој начин.
Претходно челниците на ЕУ и НАТО стигнаа во Белата куќа. Се очекува сите да се состанат по средбата меѓу Трамп и Зеленски.
Во Вашингтон стигнаа претседателката на ЕК, Урсула Фон дер Лајен, првиот човек на НАТО, Марк Руте, претседателот на Фрација, Емануел Макрон, канцеларот на Германија, Фридрих Мерц, британскиот премиер Кир Стамер, како и премиерката на Италија, Џорџа Мелони.