Македонија
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да одговори за „Аналитико“
Груевски стана апсолутен шампион во сопственото лицемерие и неморал, се вели во реакцијата на СДСМ на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ.
Груевски стана апсолутен шампион во сопственото лицемерие и неморал, се вели во реакцијата на СДСМ на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ.На обвинувањата за криминал со Телекомот, од СДСМ одговорија со прашања за случајот Ален Зекиров, „Аналитико“ и Мартин Нешкоски.„За ВМРО-ДПМНЕ покорисно е да престане да молчи и да каже зошто Ален Зекиров, телохранителот на “фамилијата“, не одлежа ниту еден ден во затвор иако со својот мотоцикл усмрти пешак, уште пред две и пол години? Уште повеќе заради тоа што врските на Груевски, Јанкулоска, Протоѓер, Бичиклиски и другите „шиткачи“ од партиската „Аналитико“ со тогашниот сопственик Ален Зекиров, се директни, очигледни и траат до денес. Сосема на крајот, ако некој треба да има грижа на совест тоа е Никола Груевски, бидејќи на прославата на ВМРО-ДПМНЕ на плоштадот на 5-ти јуни 2011 година брутално беше усмртено 22 годишно момче кое сакало само да му честита. Неговата грижа на совест треба да биде многу длабока, бидејќи испрати партиски емисари на ВМРО-ДПМНЕ во обид да го замолчат семејството коешто до ден денес, и после шест месеци молби, не сака ни да го прими во својот кабинет“, се вели во реакцијата од СДСМ. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово
Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.
Македонија
Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР
Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, соопшти МВР.
Македонија
Пронајдени три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми, ОЈО Велес отвори истрага за недозволено држење оружје
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.
„При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.
ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, се додава во соопштението.