Контакт

Македонија

Компромитирачките снимки за казнување најматно во декември

Објавено пред

Емитувањето на видео материјалот во кој првиот човек на Државниот пазарен испекторат му ветува на сопственик на дискотека дека ќе најде начин на конкурентски клуб да му се пишат казни, е најматен настан во декември.Јавното емитување на снимките, што отвори сомнеж

dobivaj vesti na viber

Емитувањето на видео материјалот во кој првиот човек на Државниот пазарен испекторат му ветува на сопственик на дискотека дека ќе  најде начин на конкурентски клуб да му се пишат казни, е најматен настан во декември.Јавното емитување на снимките, што отвори сомнеж за работењето на Државниот пазарен испекторат доби 12 „матни“ гласа во анкетата „Бистро – Матно“ на Независната новинска агенција Макфакс и невладината организација „Транспарентност – нулта корупција“, во која учествуваа 20 главни уредници на печатени и електронски медиуми.Првиот човек на инспекторатот Саша Аќимовски беше разрешен од функцијата од страна на Владата, но нема одговор на дилемата кој го прислушувал и дали објавената снимка е веродостојна.Шест „матни“ гласа доби МТВ, која наеднаш им испорача 15 сметки на граѓаните за подмирување на радиодифузната такса.Експертите укажуваат дека јавниот сервис на овој начин го прекршил законот бидејќи им го ускратил правото на граѓаните да плаќаат на еднакви рати.Објавувањето на компромитирачките снимки на „Ју Тјуб“ истовремено е прогласен за најбистар настан во декември, за што се изјаснија 13 уредници.Ова е позитивен пример за тоа како социјалните мрежи можат да се користат  во борбата против корупцијата, но и во други облици на незаконско однесување и злоупотреби од администрацијата.Доделувањето на сертификати со добро корпоративно управување за 2009 година со седум гласа се најде на второ место на најбистри настани во декември.Со оваа активност се зајакнуваат стандардите за корпоративно управување и се зацврстуваат севкупните анти-корупциски мерки во приватниот сектор во Македонија.Во анкетата „Бистро – Матно“ учествуваа телевизиите, А1, Алсат, Алфа, Канал 5, Сител, Телма, Наша ТВ, радио Канал 77, дневните весници Бизнис, Вест, Вечер, Време, Дневник, Лајм, Нова Македонија, Утрински весник и неделниците Глобус, Капитал, Фокус и Форум.Анкетата „Бистро – Матно“ како дел од борбата против корупцијата се спроведува пет години./крај/макфакс/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Делови од Кисела Вода, Ѓорче Петров и Карпош денеска без струја

Објавено пред

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

– во периодот од 08.30 до 15.00 часот корисниците од бул. Борис Трајковски бр.1 (Пеглата) влез 2 (општина Кисела Вода)

– во периодот од 09.00 до 10.00 часот корисниците од Новоселски Пат, како и објектите на Стокомак, КАМ Маркет, бензинската пумпа ОКТА и објектите во нивна близина. (општина Ѓорче Петров)

– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од ул. Леринска, лоцирани во околината на бр. 3. (општина Карпош)

Прикажи повеќе...

Македонија

Без вода дел од Чаир

Објавено пред

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на приклучна цевка од ф – 150 мм на раскрсница меѓу улиците Челопек и бр. 157 без вода ќе останат корисниците од улиците Челопек и бр. 157, општина Чаир.

dobivaj vesti na viber

Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Претежно облачно со краткотрајни сончеви периоди

Објавено пред

Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно со краткотрајни сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

dobivaj vesti na viber

Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 4, а максималната ќе достигне од 17 до 20 степени.

Во Скопје, утрото постудено, во делови од котлината магливо. Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 19 степени.

Времето во наредните денови

За време на викендот времето ќе биде стабилно и суво, а во утринските часови ќе има појава на магла во одредени котлини. Во понеделник кон крајот на денот, најпрвин во западните делови, а во вторник и среда насекаде ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет54 минути

Кина му се закани на Тајван; Лаи одговори, па го претстави првиот тенковски баталјон „Абрамс“

Тајван не ја сака кинеската „една земја, два система“ и мора да ја задржи својата слобода и демократија и да...

Свет1 час

(Видео) Силно невреме го погоди Њујорк, двајца мртви

Обилни дождови го погодија Њујорк, при што загинаа две лица, изјави градоначалникот Ерик Адамс, додека бурите ги попречија летовите, а...

Европа1 час

(Видео) Голем напад врз Русија: украинските дронови ја таргетираат енергетската инфраструктура

Во текот на ноќта напади со беспилотни летала беа регистрирани врз енергетската инфраструктура во неколку руски региони, вклучувајќи ги регионот...

Македонија11 часа

На Скопје не му требаат експерименти и луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа, порача Ѓорѓиевски од митингот во Скопје

Стоиме заедно во пресрет на конечната одлука, ова е одлука за судбината на нашиот град. Одлука за тоа во каков...

Македонија11 часа

Мицкоски најави 70 проекти: Нашата цел не е само политичка победа, почнуваме со нови училишта, болници, мерки за чист воздух, инвестиции

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се обрати на народниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија’’ од пред платото на...

Македонија12 часа

Ѓорѓиевски: Веќе имаше дебата со Мециновиќ, вечерва одбрав да бидам со мојот народ

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, се огласи откако партијата Левица го прозва дека одбил учество...

Македонија14 часа

Села до Меџити: Не сум дел од власта туку сум спроти неа, не рамо до рамо туку лице в лице

Лидерот на едното крило на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, преку објава на „Фејсбук“  одговори на излегувањето на Изет Меџити,...

Македонија18 часа

(Видео) Митева: Стевчо Јакимовски и неговите пајташи од градежната мафија сакаат бетонизација на Влае, присвоиле и улица за висококатница

Стевчо Јакимовски и неговата градежна дружина сакаат бетонизација на Влае, присвоиле и улица за висококатница. Да ја потсетиме јавноста што...

Македонија18 часа

Александар Јовановски нов директор на „Комунална хигиена“ – Скопје

Александар Јовановски е нов директор на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје. Тој доаѓа од Град Скопје како инспектор во Секторот за...

Свет23 часа

(Видео) Масовен руски напад врз Украина, лансирани дронови и ракети: оштетени станбени згради

Повеќето украински региони останаа без електрична енергија по уште еден масовен руски напад со ракети и дронови врз цивилна и...

Европа23 часа

Франција го менува законот за силување по случајот со Жизел Пелико

Сенаторите вчера ги одобрија измените во францускиот закон за силување што би вклучувале експлицитна согласност, со што законодавството на земјата...

Свет24 часа

Трамп: Средбата со Шји беше неверојатна

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја опиша денешната средба со кинескиот претседател Шји Џјинпинг како неверојатна пофалувајќи ги кинескиот лидер...

Свет1 ден

По 30 години, Трамп нареди тестирање на американско нуклеарно оружје

Пред средбата со кинескиот претседател Кси Џинпинг, американскиот претседател Доналд Трамп му нареди на Министерството за одбрана на САД веднаш...

Свет1 ден

(Видео) Ураганот предизвика огромна штета: премиерот на Јамајка објави снимки од воздух

Бројот на жртви од ураганот Мелиса се зголеми додека минуваше покрај Куба и се движеше кон Бахамите, еден ден откако...

Европа1 ден

Орбан: Европејците сакаат да почнат војна, ние не сакаме да се бориме

Унгарскиот премиер Виктор Орбан најави започнување на антивоена кампања, која ќе биде придружена со мировни собири низ цела Унгарија. „Опасноста...

Свет1 ден

Заврши средбата меѓу Трамп и кинескиот претседател

Американскиот претседател Доналд Трамп разговараше со кинескиот претседател Кси Џинпинг во јужнокорејската воздухопловна база, при што двајцата лидери звучеа оптимистички...

Македонија2 дена

Евроинтеграцијата е дијалог, а не диктат: Сиљановска-Давкова се обрати на Парискиот мировен форум

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во рамки на учеството на осмиот Париски мировен форум, се обрати на сесијата посветена на младите и...

Македонија2 дена

(Видео) Митева: Јакимовски да објасни како е можно за една година со семејството да стане сопственик на две градежни парцели во најелитниот дел на Карпош, Жданец

„Како е возможно, за период од една календарска година, градоначалникот Јакимовски да се најде во ситуација каде со неговото семејство...

Македонија2 дена

Оставка на Сабахадин Рустеми од „Комунална хигиена“ за да не влијае на истрагата

В.д. директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Сабахадин Рустеми, поднесе оставка од функцијата поради морални причини, соопшти неговиот адвокат...

Македонија2 дена

Царината заплени речиси три илјади парчиња стока: облека со потпис на заштитени трговски марки, алкохол, електронски цигари, автоделови

На граничните премини Блаце, Табановце, Богородица и Ново Село царинските службеници и мобилните тимови запленија речиси три илјади парчиња стока,...