Свет
Сеул ќе најави мерки против Пјонгјанг
Јужна Кореја денеска ќе ги објави мерките во врска со случајот со својот брод, кој според меѓународниот истражувачки тим, потонал по напад од севернокоејска подморница.
Јужна Кореја денеска ќе ги објави мерките во врска со случајот со својот брод, кој според меѓународниот истражувачки тим, потонал по напад од севернокоејска подморница.
Истражителите минатата недела соопштија дека на 26 март севернокорејска подморица истрелала торпедо по што потона јужнокорејскиот брод Чеонан и загинаа 46 морнари.
Пјонгјанг порача дека резултатите од истагата се фабрикувани и предупреди дека противмерките би можеле да предизвикаат војна меѓу двете земји, кои технички се уште се во војна, бидејќи Кореската војна заврши со примирје, но не и со мировен договор.
Според официјални претставници во Сеул, се очекува јужнокорејскиот претседател Ли Мјунк-бак во обраќањето до нацијата да го означи потопувањето на бродот како провокација од Северна Кореја и да ги објави мерките што Сеул ќе ги преземе против Пјонгјанг.
Се очекува и јужнокорејскиот претседател да најави дека случајот ќе го изнесе пред Советот за безбедност на Обединетите нации.
Меѓу мерките што се споменуваат се голема морнаричка вежба во Корејскиот залив, укинување на економската размена со Северна Кореја, како и забрана за севернокорејските бродови да испловуваат надвор од својата територија.
Мерките можат да предизвикаат остра реакција од Северна Кореја, чиј водечки весник веќе се закани дека јужниот сосед ќе биде „здробен“, а извештајот на истражителите го оцени како „голема фабрикација“./крај/бт/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Дрво падна врз пешак во Бања Лука: тој само замина
Исто како и во Хрватска и денеска има силно невреме во повеќето градови во Босна и Херцеговина, а еден од градовите каде снегот ги покри улиците е Бања Лука.
Како што објави „Klix.ba“, таму е снимена ситуација каде поради снегот, дрво паднало на тротоарот, токму врз пешак кој стоел таму.
На видеото може да се види како пешакот, најверојатно без поголеми повреди, излегува од под гранките кои го покривале и продолжува да оди.
Регион
(Видео) Граѓаните на протестен марш во Загреб: „Нападот врз вас е тероризам, а нападот врз децата е инцидент“
Бројни граѓани учествуваа на протестниот марш „За безбедно училиште“, кој започна во 18 часот во Загреб, за да укаже на важноста на безбедноста во училиштата по трагичниот настан што се случи во петокот во основното училиште Пречко.
Како што информираат регионалните медиуми, најавен е и собир и палење свеќи пред сите училишта во Хрватска. Тие ги повикаа сите да им се придружат – родители, наставници, граѓани.
„Сакаме да бидеме светлина на општеството, а не да носиме свеќи“, „Кога една мајка плаче, сите мајки плачат“, „Учителка – храброст“, „Се ни земавте, децата нема да ви ги дадеме “, „Напад на вас е тероризам, а нападот врз децата е инцидент!“, „Удобни фотелји – крвави училишни клупи“, беа дел од транспарентите што ги носеа дел од учесниците.
Организатори се три образовни синдикати – Хрватскиот наставнички синдикат, Препород и Самостојниот синдикат на вработените во средните училишта, кои потенцираат дека безбедноста во училиштата е заедничка цел и дека е неопходно да се подигне, а маршот го поддржаа и 50 здруженија и мрежи.
Повод беше трагичниот настан кој се случи на 20 декември, кога деветнаесетгодишник влегол во основното училиште Пречко и со нож нападнал наставничка и неколку ученици. Во нападот загина едно дете, а ранети се три деца и наставничката.
„Ако нешто може да ја подигне оваа нација, тоа е голема неволја. Сите кои сочувствуваат со жртвите ќе бидат со нас вечерва. Сакаме да испратиме порака дека овој проблем мора да се реши“, изјави Жељко Стипиќ, претседател на Самостојниот синдикат на науката и високото образование за „Индекс“.
Свет
Седумгодишно момче предизвикало пожар во супермаркет во Братислава: штета над еден милион евра
Седумгодишно момче намерно предизвикало пожар во супермаркет во Братислава, при што е причинета материјална штета од повеќе од еден милион евра, соопшти денеска портпаролот на регионалната полиција Михал Сеиф.
„Момчето намерно предизвикало пожар во ходникот со тоалетна хартија и пелени за бебиња. Поради неговото однесување, пожарот се проширил и на друга стока”, објаснил портпаролот по анализата на доказите, пренесе ТАСР.
Нема повредени, иако клиентите и вработените морале да бидат евакуирани.
Полицијата поведе постапка за загрозување на јавноста.
„Поради возраста на сторителот, полицијата презема различни дејствија, во соработка со вработените во службите за социјална заштита“, додаде Сеиф.
Пожарот го изгаснале 28 професионални и девет доброволни пожарникари.