Свет
На денот кога ирачките сили ја презедоа контрола врз градовите, најмалку 27 загинати
Во експлозијата во Киркук во вторникот кога заврши повлекувањето на американската војска од ирачките градови, се повредени најмалку 45 лица. Постои стравување дека билансот на загинатите во експлозијата ќе се зголемува
Во експлозија на автомобил-бомба на пазар во предградие на градот Киркук на север на Ирак, каде живеат претежно Курди, загинаа најмалку 27 лица, токму дента кога ирачките сили и официјално ја презедоа обврската за безбедноста во Багдад и другите поголеми градови во државата. Во експлозијата имало најмалку 45 повредени.Регионот каде се наоѓа Киркук е богат со нафта и е во центарот на битката за превласт меѓу етнички и верски групи, како Курди, Арапи, Туркменистанци, муслимани и христијани. Експлозијата фрли дамка на денот за прослава. Претходно во Багдад, ирачките војници и полицијата организираа долга парада. Премиерот Нури Ал-Малики кажа дека денот претставува „голема победа“.Во Вашингтон, американскиот претседател Барак Обама го поздрави повлекувањето на американските борбени сили од урбаните средини како важен момент и чекор напред за Ирак.Во експлозијата се повредени најмалку 40 лица. Постои стравување дека билансот на загинатите во експлозијата во преградието на Киркук, каде живеат претежно Курди, ќе се зголемува.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

