Македонија
Рамадани: Петицијата ја потпишаа 7200 муслимани
Петицијата за смена на поглаварот на Исламската верска заедница (ИВЗ) Сулејман Реџепи, до сега има околу 7200 потписници, информираше во саботата распуштениот оџа Рамадан Рамадани, кој побара разрешување на актуелниот поглавар.
Петицијата за смена на поглаварот на Исламската верска заедница (ИВЗ) Сулејман Реџепи, до сега има околу 7200 потписници, информираше во саботата распуштениот оџа Рамадан Рамадани, кој побара разрешување на актуелниот поглавар.
„До сега се евидентирани 7200 потписници, членови на ИВЗ од 21 џамија во град Скопје. Првичната анализа и спроведување покажа дека повеќе од една четвртина муслимани со потпишувањето на петицијата го искажуваат незадоволството од претставувањето на ИВЗ од страна на поглаварот и ги замолуваме оџите и верските авторитети на ИВЗ да преземат мерки со кои ќе го разрешат“, изјави Рамадани.
Тој рече дека собирањето на потписи ќе се спроведе и на национално ниво и изрази уверување дека процентот на муслимани кои не сакаат да бидат претставувани од Реџепи е многу поголем.
„Цениме дека иницијативата ќе придонесе за враќањето на автономијата во џамиите и дека ќе се активираат оџите кои се најзасегнати и најодговорни за одвивањето на верскиот живот“, рече Рамадани.
Тој го поздрави петочниот собир на муфтиите од Македонија без присуството на Реџепи и повторно ги повика да преземат конечни одлуки за да му се одземе правото на Реџепи да се претставува во името на сите муслимани.
„Како муслимани не можеме, а да не препознаеме божја праведност во тоа што човекот кој без образложение долги години ги држеше како вршители на должност многу наши ценети муфтии, директори на медреса и други суб-институции на ИВЗ својата кариера да ја заврши на овој начин со домен на овластување како вршител на должност“, изјави Рамадани.
Собирањето на потписи кое почна пред седум дена, како што најави тој, ќе паузира од почетокот на празникот Рамазан, кој започнува во среда на 11 август.
Рамадан Рамадани беше обвинет од ИВЗ дека шири вахабизам и му беше забрането да одржува молитви.
Жестоките превирања на релација ИВЗ и приврзаниците на Рамадан Рамадани пред неколку недели прераснаа во инцидент. Наместо петочна молитва, скопскиот муфтија беше избркан со клоци и тупаници. Приврзаниците на Рамадани го претепаа скопскиот муфтија и поранешниот пратеник Ештреф Алиу.
Реџепи може да биде сменет само доколку повеќе од половина од 13-те муфтии во Риасетот на ИВЗ гласаат против него, без разлика колку потпишале за негова смена./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Јанев се обрати пред Генералното собрание на ИНТЕРПОЛ, Лукас Филип избран за нов претседател
По четири дена интензивни, продуктивни и содржајни дискусии за клучните прашања од меѓународната полициска соработка, денес во Маракеш, Мароко, заврши 93. сесија на Генералното собрание на ИНТЕРПОЛ. На овој највисок форум на Организацијата беа избрани нови членови на Извршниот комитет, меѓу кои и францускиот претставник Лукас Филип, кој ја презема функцијата претседател на ИНТЕРПОЛ, соопшти МВР.
„Директорот на БЈБ, Александар Јанев, се обрати пред Генералното собрание, со што уште еднаш се потврди силната позиција на македонската полиција во рамките на глобалната безбедносна соработка – како стабилен, доверлив и активен партнер на сите 196 земји членки во справувањето со транснационалниот криминал и современите безбедносни предизвици“, се наведува во соопштението.
Во рамки на сесијата беа усвоени повеќе значајни резолуции, меѓу кои и оние поврзани со промовирањето на ратификацијата на Конвенцијата на ООН за борба против сајбер-криминалот, зајакнувањето на регионалното присуство и оперативниот капацитет на ИНТЕРПОЛ, заедничкиот одговор за сузбивање на центрите за онлајн измами, финансискиот извештај за 2026 година, како и стратешката рамка и програмата за активности за периодот 2026–2030.
Македонија
(Фото) Свлечиште во Шипковица, во опасност четири куќи
Поради обилните врнежи на дожд кои го зафатија западниот регион, преку единствениот број за итни повици 112 е добиена пријава за настанато свлечиште во селото Шипковица.
Од Центарот за управување со кризи информираат дека свлечиштето е во населено место кое претставува опасност за жителите, каде што директно се загрозени четири куќи.
Активиран е Кризниот штаб на Општина Тетово, а на терен се излезени лица од ЦУК, СВР Тетово и Градежен инспекторат од Општина Тетово.
„Во моментот се превземаат мерки и се дадени насоки на месното население да го напуштат живеалиштето поради опасност од појавување на нови свлечишта“, информира ЦУК.
Исто така, на територијата на Општина Штип евидентирани се одрони на камења на патниот правец Делчево – Истибања каде што екипи на ЈП Македонија пат редовно интервенираат и нема застои во сообраќајот.
Одроните на патот кон с.Моштица во Општина Македонска Каменица, од страна на екипи на ЈП Камена река е извршено чистење на одронот и сообраќајот на тој патен правец се одвива редовно.
Македонија
Битиќи: На крај на годината во буџетската каса фалат една милијарда евра
На денешната седница за пратенички прашања, пратеникот од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Фатмир Битиќи, предупреди дека фискалните показатели објавени на 25 ноември откриваат сериозен јаз во приходната реализација на Буџетот.
Наместо планираната динамика, рече тој, државата досега наплатила близу 299 милијарди денари, што е само 82,32% од годишниот план, оставајќи дупка од над 64 милијарди денари или 1,04 милијарди евра, средства кои треба да се обезбедат до 31 декември годинава.
Во прашањето уaптено до заменик министерот за финансии, Николче Јанкуловски , пратеникот Битиќи праша по кои ставки, во кои износи и од кои извори ќе се обезбедат приближно 64,07 милијарди денари (околу 1,04 милијарди евра) за целосна приходна реализација до 31.12.2025 година, дали со дополнително задолжување и на кои финансиски пазари, дали со вонредни и еднократни приходи и дали може јавно да се гарантира дека заради „буџетско затворање“ на годината нема да се доцни со поврат на ДДВ, нема да се создаваат нови доспеани, а неплатени обврски кон фирмите и нема дополнително да се кратат капиталните расходи.
„Евидентно е дека приходната страна на Буџетот не ја следи сопствената проекција и од ден во ден, како се приближува крајот на годината, расте ризикот или потребата од ново задолжување, одложување на финансиски обврски кон стопанството и граѓаните, селективни доцнења на поврат на ДДВ. Заклучно со 31.10.2025 даночните приходи и придонесите се реализирани со 78,61% од планираното (од 250,922 милијарди денари), што значи дека во последните два месеци од годината треба да се „надомести“ повеќе од една петтина од целата годишна наплата, амбиција која историски ретко е остварлива без вонредни мерки. Подсекторскиот пресек е уште поалармантен. Оваа приходна конфигурација на Буџетот зборува за тоа дека е производ на преценета наплата, потценети ризици и затворен процес на планирање кој ја оддалечува фискалната политика од развојните цели“, образложи Битиќи.

