Свет
Најмалку 30 загинати во напад во Карачи

Најмалку 30 лица загинаа, а 80 се ранети во нападот што во понеделникот се случи врз шиитската процесија во пакистанскиот град Карачи
Најмалку 30 лица загинаа, а 80 се ранети во нападот што во понеделникот се случи врз шиитската процесија во пакистанскиот град Карачи
Во процесијата во овој пристанишен град имало повеќе стотици шиитски муслимани и во моментот на нападот се движеле по главната улица на Карачи.
„Потврдено е дека има најмалку 30 мртви и повеќе од 80 ранети“, изјавил Хасим Раза Заиди, покраински министер за здравство во јужната покраина Синд, чиј центар е Карачи.
Како што пренесуваат репортерите на западните агенции, по нападот избувнале големи немири во кои се запалени повеќе од 400 објекти и стотина возила.
Градоначалникот Мустафа Камал изјавил за Associated Press дека целта на нападот е да се предизвикаат нетрпеливост меѓу шиитите и сунитите и ги повикал двете муслимански заедница да се воздржат.
Нападот беше извршен и покрај тоа што пакистанските власти во градот разместија околу 10 илјади полицајци и припадници на парамилитарните милиции кои требало да ја обезбедуваат поворката за време на верската процесија.
Досега никој ја нема преземено одговорноста за крвавиот напад, но пакистанскиот министер за внатрешни работи Рахман Малик ги обвини исламистичките бунтовници.
Бомбашот самоубиец се разнел втурнувајќи се во процесија на шиитските муслимани на затворањето на годинешниов верски празник Ашура.
Овој напад уследи само ден откако во сличен напад во пакистанскиот дел од областа Кашмир беше извршен напад во кој загинаа најмалку осум аџии.
Празникот Ашура во Ирак и Пакистан беше повод за повеќе напади врз шиитите. Тие со овој десетдневен празник чија кулминација беше во неделата, ја одбележуваат 68—годишнината од загинувањето на големиот имам Хусеин, внук на пророкот Мухамед. Муслиманите сунити не го признаваат Хусеин за наследник на Мухамед, што е основата за расколот во исламот. /крај/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски вели дека украинската армија ги продолжува операциите во рускиот регион Курск

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека украинската армија ги продолжува операциите во рускиот регион Курск.
– Нашите сили ги продолжуваат активните одбранбени операции во одредени подрачја на (руските) области Курск и Белгородск, истакна Зеленски.
Рускиот претседател Владимир Путин вчера изјави Курск е целосно ослободен.
Русија повторно воспостави контрола над Курск. Авантурата на режимот на Киев целосно пропадна, изјави вчера Путин.
Претставници на украинската армија вчера ги демантираа тврдењата на Путин и на Генералштабот на руската армија дека Курск е ослободен.
Свет
Русија лансираше 97 беспилотни летала во неколку региони низ Украина

Во текот на ноќта, Русија лансираше 97 беспилотни летала во неколку региони низ Украина, соопштија Воздухопловните сили на вооружените сили на Украина.
Воздухопловните сили објавија на Телеграм дека украинските сили собориле 66 руски беспилотни летала во текот на ноќта.
Во голем број украински региони е прогласена воздушна опасност поради лансирање руски беспилотни летала, вклучувајќи ги Полтавската и Харковската област, Одеса, Киев, Суми, Чернигов, Днепропетровск и Запорожје
Свет
Од денеска за верниците се отвора гробницата на папата Франциско во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим

Од денеска гробницата на папата Франциско во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим ќе биде отворена за верниците, соопшти Ватикан.
Папата, кој почина на 88-годишна возраст на 21 април од мозочен удар, беше погребан вчера во гробница одвоена помеѓу две капели во римската базилика, по церемонија на жалост одржана во Ватикан. Церемонијата на поставување на ковчегот траеше околу половина час.
На погребот во базиликата Санта Марија Маџоре присуствуваа само најблиските, а едноставниот, дрвен ковчег на папата беше пречекан со ѕвона.
На мисата во Ватикан, според официјалните податоци од Ватикан, присуствуваа околу 250.000 луѓе, како и 170 странски делегации. Меѓу нив имаше шефови на држави и влади, монарси, поранешни државници, политичари од Италија и други земји, интелектуалци, уметници. Подоцна, италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Пјантедози изјави дека најмалку 400.000 луѓе присуствувале на погребот на папата Франциск, собрани на плоштадот „Свети Петар“ и по улиците на Рим.
Целиот настан го следеа околу 2.700 акредитирани новинари.