Македонија
ЗНМ достави амандмани за Законите за медиуми
Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) достави амандмани до Собранието за Законот за медиуми и за Законот за аудиовизуелни медиумски услуги.
За Законот за медиуми ЗНМ достави само еден амандман со кој бара да примената на овој закон да се одложи до денот кога Македонија ќе стане членка на ЕУ.
„Со прифаќањето на овој амандман, пратениците ќе ги одбегнат и штетите по евроинтеграцијата на Македонија затоа што овој закон не го бара Европската унија, туку исклучиво само владата. Пратениците имаат идеална шанса пред македонската јавност да ги решат сите дилеми кај сите нас дека донесувањето на овој закон нема за цел да ја ограничи слободата на изразувањето и слободата на медиумите.Владата тврди дека овој закон е според европските стандарди. Ако е така тогаш ние немаме ништо против законот да се примени кога ќе станеме членка на ЕУ. Ако било која власт низ пристапните преговори ја убеди Европската Комисија дека во земјата се почитува слободата на изразувањето и слободата на медиумите, тогаш нема да стравуваме дека примената на овој закон ќе може да се злоупотреби за замолчување на критичните гласови во медиумите“, велат од ЗНМ.
За законот за аудиовизуелни медиумски услуги ЗНМ доставив неколку амандмани со кои се спречува политичко влијание при изборот на членовите на Програмскиот совет на МРТ и се обезбедува одржливо финансирање за јавниот сервис.
Останатите амандмани се однесуваат на Агенцијата за медиуми, со кои ЗНМ има цел да ја зајакнеме институционалната независноста регулаторното тело и се обезбедува транспарентност во неговата работа.
Двата закони се на дневен ред на седницата на Комисијата за транспорт, врски и екологија во второ читање./крај/мф/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Мали остатоци од снег има на планинскиот превој од (село Лисец – Попова Шапка) кои се задржани на коловозот, извести АМСМ.
Врнежи од снег со слаб интензитет има на патниот правец (Крива Паланка – г.п.Деве Баир) кој не се задржува на коловозот и намалена видливост поради појава на магла има на планинските премини Плетвар до 30 метри, Ѓавато до 100 метри и планинскиот превој Крушево до 40 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект ф-100мм на крстосницата Његошева/Софиска, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Софиска, Његошева, Бриселска, Копенхагенска, Стокхломска, Петар Драганов и Гаврил Лесновски, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со услови за повремени слаби врнежи од дожд
Променливо облачно со услови за повремени слаби врнежи од дожд. Претпладне, врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и во некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен, а попладне наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на оваа седмица следува период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, кои на повисоките планини, ќе преминуваат во врнежи од снег. Повремено наместа врнежите ќе бидат пообилни. До сабота ќе дува југоисточен и југозападен ветер, а во недела ветерот ќе го смени правецот и ќе дува засилен северен ветер.

