Македонија
Дводневен „Министерски форум за правда и внатрешни работи ЕУ-Западен Балкан“

Дводневен „Министерски форум за правда и внатрешни работи ЕУ-Западен Балкан“, ќе се одржи денеска и утре во Охрид.
Дводневен „Министерски форум за правда и внатрешни работи ЕУ-Западен Балкан“, ќе се одржи денеска и утре во Охрид.Денеска, по поздравните обраќања ќе следуваат работни сесии посветени на визната либерализација и по мониторингот посветен на истата; миграциските прашања, вклучувајќи ја илегалната миграција, управувањето на границите и унапредувањето на соработката со FRONTEX; борбата против организираниот криминал, вклучувајќи ја трговијата со луѓе и унапредувањето на соработката со EUROPOL; како и борбата против корупцијата.Утре ќе се дискутира на темите од областа на правдата, како независноста на судството и обвинителството; правната соработка во кривични и граѓански спорови и унапредување на соработката со EUROJUST. Завршницата на „Министерскиот форум за правда и внатрешни работи ЕУ-Западен Балкан“ ќе биде одвоена за презентација на приоритетите во областа на внатрешните работи и правда на претстојното Данско и Кипарско претседателство со ЕУ. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Утре авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против комарци

Градот Скопје ги известува граѓаните дека утре, во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против комарци.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин, велат од Град Скопје.
Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Македонија
Заменик- министерката Трајков порача: Да го реализираме сонот за европска Македонија

„Евроинтеграцискиот процес е еден од врвните приоритети на Владата, приоритет на кој што посветено работиме. Пред нас имаме зацртано една цел-а тоа е да сториме се што е можно за да го реализираме сонот за европска Македонија!“, истакна заменик-министерката за европски прашањa, Викторија Трајков, во своето обраќање на денешната панел дискусија Патот на Македонија кон ЕУ-предизвици и можности во 2025 година, во организација на Австриската амбасада во Скопје и Академијата за европски интеграции.
Заменик- министерката Трајков порача дека со реализацијата на европската агенда и имплементација на реформите ќе се олесни пристапниот процес во ЕУ.
„Свесни сме дека Унијата од нас очекува конкретни резултати и затоа сме подготвени да го вложиме нашиот целокупен човечки и институционален потенцијал за час-поскоро да станеме дел од европското семејство. Изморени сме од ветувања и од условувања преку коишто не сме подготвени да преминеме. Новата Влада постави црвена линија. Црвената линија е нашиот македонски идентитет, кој нема да дозволиме да биде обременет со билатерализација. Но, иако, предолго и неправедно сме во чекалната на ЕУ, ние немаме друг избор освен да продолжиме цврсто напред“, рече заменик-министерката за европски прашањa, Викторија Трајков.
На настанот кој се одржа во скопски хотел зборуваа амбасадори, европски пратеници и докажани меѓународни експерти. Дебатата ја отвори и модерираше професорот од Правниот факултет „Јустинијан Први“-Скопје, проф.д-р Васко Наумовски, кој е поранешен вицепремиер за европски прашања и амбасадор во САД, а меѓу говорниците беше и Н.Е. Мартин Памер, австриски амбасадор во Македонија.
На дискусијата свои пораки за предизвиците на ЕУ испратија и Марија Бергер, судијка од Европскиот суд на правдата, пратеникот од Европскиот парламент Клаус Волфер кој е поранешен директор за Југоисточна Европа и проширување на ЕУ во МНР на Австрија. На дебатата учествуваше и Герхард Јарош, раководител за меѓународно кривично право во LGP Group и поранешен заменик главен обвинител во Виена.
Македонија
(Видео) „Наместо Младински центар, во центарот на Прилеп сведоци сме на сцени од хорор филмови“, велат СДСМ Прилеп

„Некогашната Виша економска школа, локацијата на која согласно изборната програма на ДПМНЕ и Борче Јовчески, требаше да се отвори Младински центар. Но наместо Младински центар, во центарот на Прилеп сведоци сме на сцени од хорор филмови“, рече Бојан Цветаноски, претседател на ЛК СДММ-Прилеп.
„Којзнае кое по ред нереализираното изборно ветување и сцените кои ги гледате, се вистинската слика за четиригодишното владеење на локалната власт на ДПМНЕ – излажани граѓани, изневерени очекувања, распаднати институции.
Не само што изборното ветување прерасна во нова лага, туку ДПМНЕ и Јовчески го прекршија Законот за младинско учество и младински политики.
Имено, од донесувањето на Законот во јануари 2020 година, општините беа должни во рок од 5 години да овозможат функционирање на најмалку еден Младински центар на својата територија.
Пет и пол години подоцна, општина Прилеп е меѓу малкуте во државата и единствена во регионот која не ја исполнила законската обврска.
Советничката група на СДСМ и Локалниот клуб на СДММ во повеќе наврати поднесуваа амандмани и иницијативи за пренамена на еден од постоечките објекти во општина Прилеп во Младински центар. Но советниците на ДПМНЕ и градоначалникот Јовчески сите нив ги одбија.
Последиците од владеењето на ДПМНЕ ги гледаме на секој чекор. Младите се најголемата жртва на неспособната општинска власт и затоа нивното забрзано заминување од градот никого не треба да чуди.
Сликите кои ги гледате се најдобра потврда дека актуелната власт на ДПМНЕ е најголемата елементарна непогода која било кога ја зафатила општина Прилеп“, изјави Бојан Цветаноски, претседател на ЛК СДММ-Прилеп.