Македонија
Македонија да ги почне преговрите со ЕУ истовремено со Исланд
Многу практично би било Македонија да ги почне преговорите за членство во Европската Унија заедно со Исланд, вели еврокомесарот за пррошируваше Штефан Филе, но додава дека за тоа одлучува Советот на ЕУ, a не ЕК
Според него тоа ќе ја зајакне нејзината европска перспектива, но Европската комисија нема институционална одговорност да одлучува за старт на преговорите, туку тоа е одлука на Советот на ЕУОва е наведено во одговорот што еврокомесарот за проширување Штефан Филе на писмото што до него претходно го испрати словенечкиот европратеник и потпретседател на делегацијата на ЕП за југоисточна Европа, Јелко Кацин.Покрај тоа, Филе во писмото наведува дека преговорите кои се водат под покровителство на ОН околу спорот за официјалното име на Македонија „остануваат клучни за успешно продолжување на европските интеграции на земјата“. Словенечкиот пратеник Кацин официјалното писмо до Штефан Филе го испрати на 23-ти март по најавата дека Исланд ќе добие датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ, во кое тој предложи истовремено да и биде доделен датум и на Република Македонија. Кацин бара земјава да ги почне преговорите истовремено со Исланд, со што Комисијата би демонстрирала „практичен и ефикасен пристап“. Потсетувајќи дека „политиката за проширување се има покажано како една од најуспешните достигнувања на ЕУ“, Кацин порачува дека отварањето на преговорите со Македонија ќе доведе до „подобрување на економската и политичката клима во земјата, што ќе има значајно позитивно влијание на поширокиот регион, вклучувајќи ја и Грција“.Кацин потсетува дека на 14 октомври 2009 г., Комисијата му препорача на Советот ма Европа врз основа на успешните реформи и политичките критериуми да се отворат преговори за членство со Македонија и дека било договорено за ова прашање да се расправа во текот на Шпанското претседателство со ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Илинден и Центар
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:00 до 13:00 часот, корисниците од улицата 8, улицата 18, општина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 12:30 часот, корисниците од Хотел Буши, дел од улицата Самоилова, дел од улицата Јоаким Крчовски, дел од улицата Прохор Пчински, дел од улицата Алберт Станиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата 8 -ма Ударна Бригада 39, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, вклучително и објектот на Амбасадата на Р.Италија, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Наутро ведро и студено, во текот на денот сончево
Наутро ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со постудени утра и со услови за утринска магла по одделни котлини. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Дневните температури ќе бидат без значителна промена.

