Свет
Мексиканскиот претседател и американскиот амбасадор во Сиудад Хуарез
Мексиканскиот претседател и амбасадорот на САД во Сиудат Мексико ја претставија заедничката програма за побра против нарко картелите кои се обвинети за убиството на двајца службеници на американскиот конзулат во овој пограничен град
Според американските медиуми, присуството на американскиот амбасадор Карлос Пасквал претставува силна поддршка на САД за мексиканскиот претседател Фелипе Калдерон во неговата војна против нарко картелите. Во сабота во овј пограничен град со Тексас беа убиени две брачни двојки од кои по еден сопруг беше службеник во американскиот конзулат во Сидуад Хуарез еден од најсмртоносните градови во светот. Досега инаку не беа забележани вакви отворени напади врз американски државни претставници во Мексико. Се претпоставува дека таа доаѓа како одговор на соработката меѓу двете држави во борбата против бандите кои нелегално тргуваат со дрога. Вашингтон направи програма под името „Иницијатива Мерида“, со која се предвидени 1,4 милијарда долари за финансиска и техничка помош на Мексико против нарко картелите. Во саботата вооружени напаѓачи за кои се верува дека се поврзани со наркокартелите, убија службеничка на конзулатот на САД во Сиудад Хуарез и нејзиниот сопруг, а во друг инцидент друг сопруг на конзуларна службеничка, пренесоа американските медиуми. Во вториот инцидент истиот ден напаѓачите раниле и двајца службениците на американскиот конзулат. Нападите биле изведени со автоматски оружје од автомобили кои се движеле со големи брзини, пренесуваат медиумите повикувајќи се на изјави од очевидци. Американски официјални извори соопштија дека убиствата доаѓаат откако американските дипломати изјавуваа дека состојбата со трговијата со дрога и криминалот поврзан со неа станува неиздржлива, по што уследија заканите на бандите. Инаку пред да се случат овие убиства, во Сиудад Хуарез, Стејт департментот донесе одлука со која на службениците во конзулатот им се дозволува евакуирање на нивните семејства во САД.Во неделата американското FBI испрати свои агенти во Сиудад Хуарез за да ја помогнат истрагата. Сиудад Хуарез е најопасниот град во последните три години. По војната меѓу бандите за превласт на територијата, насилството не се намали ниту откако беа ангажирани и силни федерални и воени единици. Во 2009 г. во Сиудад Хуарез се убиени околу 2.650 лица, а од почетокот на годинава тие се во пораст, наведуваат локалните медиуми. Во војната од 2006 г. досега во пресметките во Мексико се убиени околу 17 илјади лица. Мексико е главната транзитна точка за шверцување кокаин од Јужна Америка во САД и истовремено е еден од најголемите светски производители на хероин и марихуана.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Јапонската премиерка Такаичи освои историска победа на изборите
Ризичниот потег на премиерката на Јапонија, Санае Такаичи, да распише предвремени избори ѝ донесе убедлива победа – нејзината владејачка Либерално-демократска партија освои повеќе од 310 од 465 пратенички места во долниот дом, јави „Си-Ен-Ен“, повикувајќи се на анкетите на јапонската телевизија NHK.
Ова е првпат по Втората светска војна една партија да има двотретинско мнозинство во парламентот. Тие сега можат да предлагаат уставни измени и да ги надгласуваат блокадите во горниот дом.
Такаичи, првата жена на чело на јапонската влада, ја доби поддршката на гласачите само четири месеци откако стана премиерка. Во јавноста е популарна по нејзината работна етика, активноста на социјалните мрежи, како и заедничките настапи со светски лидери – меѓу кои и импровизирано свирење на тапани со јужнокорејскиот претседател.
Победата ѝ овозможува силен мандат за справување со економските предизвици, слабата валута и влошените односи со Кина. Тесно соработува и со американскиот претседател Доналд Трамп, кој ѝ даде „целосна поддршка“.
И покрај позитивниот имиџ, Такаичи беше критикувана поради нејзини изјави за Тајван и интензивниот работен ритам – состаноци до 3 часот наутро. Нејзиниот коментар дека Јапонија би можела да реагира воено ако Кина нападне Тајван доведе до дипломатски тензии со Пекинг.
Свет
Бабиш ја повика Европа да почне преговори со Путин
Чешкиот премиер Андреј Бабиш повика Европа да започне преговори со рускиот претседател Владимир Путин за решавање на конфликтот во Украина, пренесоа денеска чешките медиуми.
„Европските лидери сега почнаа да зборуваат дека треба да се преговара со Путин. Порано, кога унгарскиот премиер Виктор Орбан беше кај Зеленски и кај Путин, сите го осудуваа тоа“, потсети Бабиш, пренесува порталот TN.
Тој ги повика европските земји да воспостават директен дијалог со Москва, оценувајќи дека тоа е неопходен предуслов за примирје.
Бабиш додаде дека Европа не е во состојба самостојно да го запре конфликтот, нагласувајќи дека „клучниот играч во преговорите е американскиот претседател Доналд Трамп“.
Тој потсети дека мир бил близу уште во април 2022 година, но дека тогашниот британски премиер Борис Џонсон го спречил договорот.
„Луѓе умираат во Украина. Мора да има дипломатско решение“, рече Бабиш, додавајќи дека излезот треба да се бара во тековните преговори.
Втората рунда на трилатерални преговори меѓу Русија, Украина и САД се одржа на 4 и 5 февруари во Абу Даби.
Свет
„Само Трамп може да ја запре војната“ – украинскиoт министер повика на лидерска средба со Русија
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, изјави дека само американскиот претседател Доналд Трамп може да ја запре војната и повика на директна средба меѓу украинскиот и рускиот лидер за да се решат најтешките прашања во мировните преговори. Според него, од мировниот план од 20 точки останале нерешени само неколку, но тие се „најосетливите и најтешки“ и бараат лидерска интервенција.
Сибиха изрази надеж дека напредокот во разговорите посредувани од САД ќе се искористи пред американските конгресни избори на есен, кои би можеле да го променат фокусот на Вашингтон.
Претходно, претседателот Зеленски откри дека САД предложиле војната да се заврши пред летото. Сè уште не е постигнат договор за прашањето на териториите и нуклеарната централа Запорожје, а бил предложен и план за „енергетско примирје“.

