Свет
Двајца шпиони признале дека се Руси со лажен идентитет

Обвинетите руски шпиони Мајкл Зотоли и Патрисиа Милс признале дека се Руси и дека користел лажни имиња, соопшти американското обвинителство
Вистинското име на Зотоли било Михаил Кутзик а на Милс – Наталија Переверзева, кои се обвинети пред судот во градот Александрија крај Вашингтон, прнесоа американските медиуми. Мила односно Переверзева рекла дека нејзините родители и браќата и сестрите и’ живеат во Русија.Третиот обвинет од оваа група, Михаил Семенко според судот одржувал тајна комуникација со руските функционери.Тројцата обвинети во петок попладне требаше да бидат изведени пред судот за да им се одреди дали ги исполнуваат условите да бидат ослободени од притвор со кауција. Првично, сослушувањето беше закажано за четврток, но беше откажано затоа што нивната обвинителството достави нови докази. Обвинителството имено наведува дека овие тројца како дел од 11-члената група руски шпиони кои се обвинети за заговор за шпионажа во полза на Русија во Њујорк, Вирџинија и Масачусетс, се нерегистрирани руски агенти на разузнавачката служба СВР која е наследничка на советскиот КГБ. Се тврди дека овие со години се обидувале да се инфилтрираат во американските политички кругови и да собираат податоци за конгресната политика, за нуклеарните програми итн. „Доказите се силни, природата и околностите на делата вклучувајќи ги и тајните патувања по светот и способноста тајно да стапат во контакт со резиденти на СВР. Историјата и карактеристиката на обвинетите покажуваат дека станува збор за вешти измамници кои во повеќе наврати ги предале своите блиски, па тоа би го направиле уште еднаш бегајќи“, се наведува во барањето на обвинителството не се дозволи бранење од слобода, пренесуваат американските медиуми. Во петокот 54-годишниот Кристофер Метсос кој има канадски пасош исчезна од Кипар каде беше уапсен по потерница од Интерпол а потоа ослободен со кауција. Според FBI тој е руски агент кој патувал во САД за да ги исплати другите шпиони..
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Фото) Авион на „Рајанер“ удри во ограда на грчки аеродром, оштетено крилото

Авион „боинг 737 MAX 8-200“ на „Рајанер“ претрпел оштетување на врвот на десното крило кога удрил во заштитна ограда при движењето на аеродром во Грција. Нема повредени патници или членови на екипажот, а авионот оттогаш е вратен во употреба.
Летот „ФР6080“ на „Рајанер“ полетал од аеродромот „Станстед“ во Лондон вчера во 9 часот наутро. Иако патниците пријавиле дека доживеале турбуленции за време на летот, авионот безбедно слета на меѓународниот аеродром „Каламата“ во 14.24 часот по локално време.
Ryanair flight FR6080 Right winglet hit a fence at Kalamata airport in Greece during taxiing after landing.
The Boeing 737 aircraft had arrived from London Stansted when the incident happened.
Ryanair spokesperson said the aircraft had landed safely, but as it taxied, “the… pic.twitter.com/4cKoHi5Pk8
— FL360aero (@fl360aero) June 19, 2025
По слетувањето на јужната писта, авионот скршнал од пистата кон платформата. За време на движењето неговото десно крило удрило во црвено-бела заштитна ограда и застанало. Фотографиите објавени на интернет покажуваат дека долниот дел од закрилата виси лабаво, делумно одвоен од остатокот од структурата.
Свет
Ирански нуклеарен научник убиен во напад во Техеран, тврдат израелските медиуми

Ирански нуклеарен научник е убиен во напад во Техеран, објавија израелските медиуми.
Нападот, според државната телевизија „Кан“ и други локални извори, се случил во иранската престолнина.
Ни Техеран ни Тел Авив сè уште официјално не ги коментирал тврдењата, но Израел и претходно, за време на конфликтот, нападна нуклеарни научници.
Свет
Макрон: Нападите врз цивилите и инфраструктурата мора да престанат, Иран мора да се врати на преговорите

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека нападите врз цивили и цивилна инфраструктура во тековниот конфликт меѓу Израел и Иран мора да престанат.
Макрон ја даде изјавата пред новинарите по пристигнувањето на аеромитинг во близина на Париз.
„Франција со денови има јасна и едноставна позиција: нема оправдување за напади врз енергетски објекти и цивили“, рече Макрон.
Тој додаде дека Иран мора да ја покаже својата подготвеност да се врати на преговарачката маса.