Македонија
Натпревар во спортско качување во Скопје

Возбуда и многу адреналин. Сето ова може да го доживеете на натпреварот во спортско качување што денеска се одржува во спортската сала на Машинскиот факултет во Скопје. Вкупно 26 натпреварувачи поделени во машка и женска конкуренција се борат за титулата Шампион на Македонија.
Возбуда и многу адреналин. Сето ова може да го доживеете на натпреварот во спортско качување што денеска се одржува во спортската сала на Машинскиот факултет во Скопје. Вкупно 26 натпреварувачи поделени во машка и женска конкуренција се борат за титулата Шампион на Македонија.
Во Македонија повеќе од 14 години постои лигата во Спортско качување на вештачки карпи. Во Скопје натпреварите веќе 10 години се оддржуваат во салата на Машинскиот факултет во Скопје, а натпревари се одржуваат и во Битола, Струмица, Штип и Прилеп. Низ земјата функционираат вкупно 7 клубови во овој спорт.
“Во последно време има поголем интерес. Искрено да ви кажам, Владата малку помогна за афирмацијата на овие помалку популарни, екстремни спортови. Тие не поддржаа и почнаа родители да доаѓаат со деца, за разлика од порано кога тоа беше утопија. Немаше шанси мали деца да дојдат. Сега родителите доаѓаат, ги носат на тренинг. Имаме околу 50 натпреварувачи на сите натпревари, што е добро.“, вели Владимир Трповски, Претседател на Спортско качувачка Асоцијација при Федерација на планинарски спортови на Македонија.
На денешниот натпревар учествуваат вкупно 26 натпреварувачи на возраст од седум до 37 годишна возраст. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Поскапуваат бензините и дизелот

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина и за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад.
Од 26.8.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 75,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 77,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 38,265 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,378 ден/кг и сега ќе изнесува 38,265 ден/кг.
Македонија
Поради пожар во Јасен, затворен за сообраќај патот Македонски Брод – Скопје

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила, информира АМСМ.
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за излез е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
956 сообраќајни прекршоци вчера во државата, 725 возеле побргу од дозволеното

Во текот на вчерашниот ден како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 956 издадени платни налози повеќе од половината, односно 725 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење, извести МВР.
„Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, вчера беа евидентирани 26 прекршоци за неправилно паркирање, 66 мерки се изречени за возачи што управувале возило без возачка дозвола, како и 25 санкции за возење под дејство на алкохол.
Од друга страна пак, а согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата во текот на вчерашниот ден санкционирани биле 17 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем, а санкционирани се и четворица пешаци и двајца возачи на електричен тротинет. Исто така санкционирани се 23 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, седум возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а три заради техничка неисправност.
Инаку, следствено податоците од неделниот пресек од реализираните сообраќајни контроли на патиштата низ државата во периодот од 18.08.2025 до 24.08.2025 регистрирани се вкупно 4.806 платни налози најмногу издадени по основ на непочитување на брзината на движење 1.816, потоа за непрописно паркирање 1.023 прекршоци, како и 530 платни налози за возачи кои возеле без возачка дозвола. Покрај ова 207 мотоциклисти биле санкционирани заради неносење на заштитен шлем, изречени се 211 мерки за некористење на сигурносен појас, 122 санкции за возачи за користење на мобилен телефон.
Воедно евидентирани се 28 прекршоци за возачи на електричен тротинет како и за исто толку пешаци додека пак 63 возачи се санкционирани за управување на возило под дејство на алкохол и уште 21 заради минување на црвено светло. По основ на Законот за возила откриени се 86 возила кои што биле нерегистрирани а учествувале во сообраќајот како и 33 технички неисправни возила“, соопшти МВР.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, а од Министерството апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.