Свет
Плетњев го напуштил Тајланд и отпатувал за Москва
Рускиот диригент и пијанист Михаил Васиљевич Плетњев, кој треба да го отвори овогодишното 50. издание на Охридско лето, го напуштил Тајланд, само неколку дена откако е обвинет за силување на 14. годишно момче, пренесуваат медиумите.
Рускиот диригент и пијанист Михаил Васиљевич Плетњев, кој треба да го отвори овогодишното 50. издание на Охридско лето, го напуштил Тајланд, само неколку дена откако е обвинет за силување на 14. годишно момче, пренесуваат медиумите.
Плетњев, кој е уапсен во понеделникот во еден ресторан во летувалиштето Патаја на Тајланд, ја напуштил земјата со авион на „Аерофлот“, јави руската агенција РИА Новости. Друга новинска агенција јавува дека отпатувал за Москва преку Дубаи, со авион на компанијата „Емирати ерлајн“.
Агенцијата Асошиејтед прес, која стапила во контакт со домаќинката на Плетњев во Патаја, соопшти дека рускиот диригент минатата ноќ го напуштил Тајланд и заминал за Москва.
Плетњев, основач на првиот руски независен оркестар во вторникот по сослушувањето во судот бил пуштен со кауција од 9.000 долари и наредба да се јавува во судот на секои 12 дена. Доколку биде прогласен за виновен, тој би можел да биде осуден на 20. години затвор и глоба од 1.200 долари.
Тајландската полиција соопшти дека рускиот музичар е уапсен по дојавата на Трајпоб Бунмасонг, Тајланѓанец обвинет за силување на дете и вмешаност во еден ланец на детска проституција.
Полицијата додаде дека има и изјава на 14. годишното момче, кое тврди дека Плетњев го силувал двапати во куќата на Трајпоб, во која живеел една година.
Тајландскиот весник „Патаја дејли њуз“ пишува дека Плетњев живее на Тајланд последните 15 години и го цитира уметникот кој смета дека обвиненијата против него можеби се последица на неговото „дружење со Трајпоб“, кого го познава „многу години“ и го смета за „талентиран уметник“.
Плетњев додаде дека Трајпоб се грижел за неговиот имот додека бил на пат и дека не знае за наводната вмешаност на Трајпоб во ланец со детска проституција.
Рускиот уметник во телефонска изјава за агенцијата Асошиејтед прес рече дека „сето ова е недоразбирање“ и дека нема намера трајно да го напушти Тајланд.
Неговата фондација во вчерашното соопштение испратено до организаторите на Охридско лето, што Плетњев треба да го отвори на 12. јули, демантираше дека рускиот диригент е уапсен на Тајланд поради силување и педофилија.
Фондацијата Михаил Плетњев во соопштението наведува дека станува збор за грешка и дека за силувањето е обвинет Тајланѓанецот кому рускиот уметник му ја изнајмил куќата.
Плетњев во 2005. година доби награда „Греми“ за аранжманот за „Пепелашка“ на Сергеј Прокопиев. Во Бангкок настапуваше како диригент гостин на Симфонискиот оркестар. Сопственик е на ресторан и неколку фирми на Тајланд.
Тајланд веќе подолго време важи како рај за педофилите и туристите гладни за малолетнички секс поради раширената проституција и слабите закони. /крај/риа/ап/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Лукашенко: Неуспехот во потрагата по мир може да ескалира во глобален конфликт
Белорускиот претседател Александар Лукашенко повика на брза акција за прекин на конфликтот во Украина во интервју објавено во вторник, нагласувајќи дека САД мора да останат вклучени во дипломатските напори. Лукашенко е сојузник на рускиот претседател Владимир Путин и ѝ ја отстапи белоруската територија на Москва за инвазија на Украина во 2022 година.
„Сега многу работи зависат од ставот на Трамп и САД. Најважно е Трамп да не отстапува од овој став“, изјави Лукашенко за американската телевизиска мрежа Newsmax, а делови од интервјуто ги пренесе белоруската државна новинска агенција BelTA.
„Доколку сè зависеше исклучиво од Трамп, војната ќе беше завршена одамна… Но, ова е повеќестран процес и Трамп не може сам да го реши… Конфликтот мора да биде замрзнат од горе до долу. Откако луѓето ќе престанат да се убиваат едни со други, можете да седнете и да се договорите за што сакате“, рече белорускиот претседател.
Лукашенко рече дека неуспехот во потрагата по мир може „да заврши лошо за Европа и целиот свет“ и „да прерасне во некаков вид глобален конфликт“.
Американскиот претседател ги предводи напорите за наоѓање решение за ставање крај на конфликтот. Првичниот американски мировен предлог, критикуван од многумина во Европа како премногу проруски, претрпе измени.
Американските и украинските претставници одржаа консултации за предложениот договор заедно со европските претставници за време на дводневните разговори во Берлин оваа недела.
Трамп изрази фрустрација и од Путин и од украинскиот претседател Володимир Зеленски поради континуираниот неуспех да се стави крај на речиси четиригодишната војна. Руските сили држат околу 19 проценти од украинската територија и се обидуваат да воспостават целосна контрола врз источниот регион Донбас.
Свет
(Видео) Синот на Роб Рајнер ќе биде обвинет дека до смрт ги избол своите родители
Ник Рајнер ќе биде обвинет за двојно убиство од прв степен на неговите родители, холивудскиот режисер Роб и фотографката Мишел, изјави окружниот обвинител на округот Лос Анџелес, Натан Хочман.
Роб и Мишел Рајнер беа пронајдени мртви со очигледни убодни рани во неделата во нивниот дом во Брентвуд, Лос Анџелес.
„Денес сум тука да објавам дека нашата канцеларија ќе поднесе обвинение против Ник Рајнер, осомничениот за убиствата на неговите родители, актерот и режисер Роб Рајнер и фотографката и продуцентка Мишел Сингер Рајнер“, рече Хочман на прес-конференција во вторник.
„Тој ќе биде обвинет за две убиства од прв степен со посебна околност за повеќекратно убиство“, рече окружниот обвинител, додавајќи дека Ник Рајнер се соочува и со „специјално обвинение за лична употреба на опасно и смртоносно оружје – нож“.
Хочман рече дека Ник Рајнер се соочува со „максимална казна доживотен затвор без можност за условна слобода или смртна казна“ и во моментов е во притвор без кауција.
Рајнер, кој наполни 78 години во март, долго време е еден од најплодните режисери во Холивуд, одговорен за некои од највпечатливите филмови од 1980-тите и 1990-тите, вклучувајќи ги „This Is Spinal Tap“, „A Few Good Men“, „When Harry Met Sally“ и „The Story of Us“.
Регион
Американец загина во Словенија: се искачувал на Триглав
Американски државјанин загина во Словенија, најверојатно откако паднал од планинарска патека на Алпите, соопшти словенечката полиција.
Семејството на 33-годишникот изјави дека тој тргнал на планинарење во понеделник наутро до Триглав, највисокиот врв во Словенија, а потоа исчезнал, објави словенечката новинска агенција СТА.
Неговото тело е пронајдено вчера околу 1 часот наутро на дното од планинарска патека. Полицијата соопшти дека првичните наоди укажуваат дека паднал по стрмна падина.
Идентитетот на починатиот не е објавен.
Словенија е популарна дестинација за планинари и алпинисти поради бројните патеки во Јулиските Алпи.

