Македонија
Голем одрон го блокира патот Маврово – Дебар
Забрана за движење на тешки товарни возила е воведена на патниот правец Маврово-Дебар поради голем одрон, соопшти АМСМ.
Патничките возила се пропуштаат наизменично по една коловозна лента. Се очекува одронот да се расчисти во наредните неколку часови и сообраќајот повторно да се нормализира.
Од АМСМ препорачуваат повнимателно управување со возилата и на магистралниот пат М-1 делница Катланово – Велес, каде се одвиваат работи за реконструкција на патот за што има поставено соодветна сообраќајна сигнализација.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од Македонија. /крај/амсм/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Таткото на Фросина: Имаме луѓе претворени во наркодилери, убијци и тешко потплатени судии и обвинители
Таткото на починатата Фростина со солзи во очите се обрати пред насобраниот народ, пред Собранието на Македонија.
„Се работи за систем и антисистем. Од една страна системот ни ствара универзални вредности, правила, цивилизациски конектори, начела каде што децата се учат во домовите, во школите, во црквите. Затоа некои од нив зарадни нивниот хуманистички пристап стануваат херои на нашето време. Дозволете ми, Фросина да ја сместам во тие херои на нашето време“, рече Тодор Кулаков.
Судии, обвинители, проценители, извршители, направија балкански дуќани, друштва за за наддавање како аукциски куќи, кој ќе плати повеќе мито, тој добива, истакна Кулаков.
„Другите, оние кои се задоени со чемерот на антисистемот, претварајќи се во наркодилери, насилници, убијци заедно со тешко потплатени судии, обвинители и други. Кои што судии, обвинители, проценители, извршители направија балкански дуќани, друштва за за наддавање како аукциски куќи, кој ќе плати повише мито, тој добива. А по поравило без исклучок тоа криминалците и нивните адвокати добиваат“, кажа Кулаков во обраќањето пред насобраниот народ кои по вторпат на протест бараат правда за Фросина.
Фросина Кулакова на 29 јануари на бул. „Партизански одреди“ беше смртно прегазена од автомобил кој го управувал 20-годишниот Васил јованов. Тој веќе е во притвор.
Македонија
(Видео) Граѓаните пред Кривичен порачаа „Не си одиме!“
Илјадници граѓани се уште се наоѓаат пред Кривичниот суд.
Извикуваат „Не си одиме!“ и „Оставка!“.
Триминутен молк имаше и пред Кривичен, исто како и пред Собранието и на Партизанска.
22-годишната Фросина Кулакова пред четири дена беше прегазена од дваесет годишниот Васил Јованов, кој возел пијан, без возачка дозвола и минал на црвено светло, додека таа минувала на пешачки премин на Партизанска.
На 20-годишниот скопјанец осомничен за смртта на Фросина му беше определена мерка притвор од 30 дена, а за него и претходно имало кривични пријави за друга сообраќајна незгода и за недозволена употреба на дрога.
Македонија
(Фото) Илјадници граѓани пред Кривичниот суд, извикуваат „оставка“ и „правда за Фросина“
Граѓаните кои протестираат пристигнаа пред Кривичниот суд. Поради масовноста на протестот, толпата не продолжи кон Обвинителството, па од Собранието тргнаа директно до Кривичен.
Овој собир е поголем од претходниот. Собрани се илјадници граѓани.
„Сакаме правда“, „Нема правда, нема мир“ „Правда за Фросина“ извикуваат сите пред судот.
Триминутен молк имаше и пред Кривичен, исто како и пред Собранието и на Партизанска.
22-годишната Фросина Кулакова пред четири дена беше прегазена од дваесет годишниот Васил Јованов, кој возел пијан, без возачка дозвола и минал на црвено светло, додека таа минувала на пешачки премин на Партизанска.
На 20-годишниот скопјанец осомничен за смртта на Фросина му беше определена мерка притвор од 30 дена, а за него и претходно имало кривични пријави за друга сообраќајна незгода и за недозволена употреба на дрога.