Македонија
Фуере забележал нерегуларности
Евроамбасадорот во Македонија Ерван Фуере беше во посета на избирачки места во Охрид и Струга, каде забележал нерегуларности
Евроамбасадорот во Македонија Ерван Фуере беше во посета на избирачки места во Охрид и Струга, каде забележал нерегуларности.
„Посетивме бројни гласачки места во Охрид, Струга, Велешта, Радолишта. Ќе ја искористам уште еднаш оваа можност да упатам апел колку што е можно да се намалат сите можности нешто да биде оквалификувано како притисок“, рече Фуере.
„За жал бевме сведоци на одредени притисоци во Вевчани, така што уште еднаш апелирам преостанатите часови до затворањето на гласачките места да се искористат на најдобар можен начин за да се демонстрира фер и демократска атмосфера, да се покаже дека Македонија има капацитет да организира избори на кои граѓаните можат слободно да излезат и да гласаат, бидејќи тоа е од голема важност за државата и нејзината иднина, рече Фуере. /крај/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Облачно и студено време со повремени локални врнежи од дожд и снег
Времето денес ќе биде претежно облачно и студено со повремени локални врнежи од дожд и снег.
Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, наместа со брзина над 60 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 1 до 6 степени.
Во Скопје облачно и студено со слаб дожд, а во повисоките делови од котлината со слаб снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 4 степени.
До петок ќе се задржи значително облачно, студено и ветровито време со локални врнежи претежно од снег, долж Повардарието со повремен дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во северозападните, северните делови и на крајниот исток. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец (над 60 km/h). Од сабота следува период на стабилно, суво и студено време.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче привремено го скрати зимскиот сон, па застана на страна на трговците кои делуваат како воени профитери
Добро е што Венко Филипче излезе од егзил и зимскиот сон го скрати привремено. Лошо е што се стави на страна на трговците кои делуваат како воени профитери, реагира ВМРО-ДПМНЕ по обвинувањата на лидерот на СДСМ дека премиерот Мицкоски е виновен за покачувањето на цените во маркетите.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Филипче не треба да зборува за кошнички и стандарди бидејќи е запаметен и како министер кој тргуваше со човечки животи и набавуваше респиратори и вакцини по сомнителни договори. Според владејачката партија тоа е исто како лисицата да зборува за безбедноста на кокошарникот!
„Седум години владеење на СДС беа години на распродажба на државните интереси, зголемување на долговите, инфлација и систематска кражба. Тие се главната причина зошто граѓаните денес се соочуваат со вакви економски предизвици кои макотрпно како Влада ги надминуваме. ВМРО-ДПМНЕ не само што реагираше веднаш за да ги заштити граѓаните од алчноста на трговците, туку и воведе механизми за контрола и казнување. За разлика од СДС, кој ги охрабруваше картелите и мафијата да печалат на маката на народот, ние преземаме акција. Неврохирургот на Заеви треба да ја наведне главата од срам за милионите евра украдени од тендери, а не да држи лекции за морал и економија“, се вели во реакцијата.
ВМРО-ДПМНЕ додава дека граѓаните нема да дозволат оние кои ги уништија да им држат лекции за морал.
Македонија
СДСМ веќе е крената на нозе, рече Венко Филипче
Задоволен сум што преку еден инклузивен и отворен процес заедно со членството успеавме да ја издигнеме партијата, СДСМ е веќе крената на нозе, ги брани интересите на граѓаните и силно се противи на погрешните политики на власта, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва во Битола, каде заедно со заменик претседтелката Фани Каранфилова Пановска и потпретседателот Методија Илиевски присуствуваа на изборна конференција на општинската организација на СДСМ од овој град.
СДСМ не е веќе истата партија од пред изборите, интензивно сме на терен, помеѓу членовите, да го слушнеме нивниот глас и заедно да ги дефинираме следните чекори, додаде Филипче.
-Преку отворени дискусии и размена на идеи, продолжуваме да ја зајакнуваме партијата и да ги дефинираме следните активности. Како што ветив, членовите имаат активна улога во креирањето на политиките кои ќе ја обликуваат иднината на партијата. Отворена врата за секого и заедничко делување. Комуникацијата со членството, со базата е веќе на многу повисоко ниво, достапноста и присутноста на раководството е значително зголемена. Тоа ќе биде дел од новиот начин на функционирање на СДСМ и во иднина, рече Филипче.
Филипче му честиташе на новоизбраниот претседател на ОО СДСМ Битола, другарот Методија Куновски и му посака успешна работа, потенцирајќи дека процесот за избор на претседатели на општинските оганизации на СДСМ привршува успешно.
-Во завршна фаза е целиот процес за избор на претседатели на општинските организации на СДСМ, овој месец привршуваат изборните конференции и во останатите општини. Изборот на луѓето е со широк консензус во рамки на самата партија и во рамки на општинските организации и тоа наша вредност, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва во Битола.