Македонија
Министерството за култура: Кривичните пријави немаат врска со „Скопје 2014“
Министерството за култура попладнево ја поздрави акцијата на МВР во која беа поднесени кривични пријави против тројца службеници од ова министерство.„Министерството за култура го поздравува затворањето на овој случај од страна на Министерството за внатрешни работи, постапка која, напоменуваме, на барање на Министерството за култура беше покрената во август годинава“, стои во соопштението.Од министерството нагласуваат дека согласно Законот за државни службеници, вработените во Министерството за култура се должини за грижливо чување на целокупната документација во институцијата.Истовремено се потенцира дека не станува збор за исчезнување на договори од милионски суми за проектот „Скопје 2014“, како што претходно беше речено на пресконференцијата на СДСМ. „Воедно изразуваме жалење што и покрај отворената покана до СДСМ да дојдат во Министерството за култура и да извршат увид во целосната документација на сите инвестиции што ги води Министерството, тие не го сторија тоа“, се вели во соопштението. Министерството за култура како и досега така и во иднина ќе продолжи да работи согласно сите законски прописи во земјата./крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.

